Рио Негро (покраина)
![]() Рио Негро (шпански: Río Negro) е покраина во Аргентина, сместена на северниот раб од Патагонија. Се граничи со покраините Чубут, Неукен, Мендоса, Лапампа и Буенос Аирес. На исток излегува на Атлантикот. Географија и климаНа северот од Патагонија, реката Лимај служи како природна граница со Неукента на запад, и реката Колорадо и Ла Пампа на север. Плодните долини на Андите примаат повеже од 2000 мм годишни врнежи од дожд, додека другиот дел едвај 200 мм. летата претежно се топли, но во зима снег може да се забележи на островите Чоеле Чоел. СтопанствоЕкономијата во покраината е сконцентрирана на земјоделството по тековите на големите реки. Тука се произведува околу 40% од вкупното аргентинско производство на јаболка и сокови. Рибарството во Атлантикот има годишен улов на 11.000 тони на риба и 8.000 на друга морска храна. Голем дел оди за извоз. ТуризамИма две главни туристички места: Андите и Атлантскиот брег. ![]() Административна поделбаПровинцијата е поделена на 13 департмани (departamentos). ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia