Формоса (покраина)
Формозa (шпански: Formosа) е покраина во северноисточниот дел на Аргентинаи е дел од регионот Гран Чако. Има допирна точка со Асунсион, главниот град на Парагвај и граничи со покраините Чако и Салта. Административен центар е Формоза. Оваа е една од најсиромашните покраини во Аргентина. географија и климаСместена е помеѓу реките Бермехо и Пилкомајо, таа има многу поволна, влажна и топла клима. Просечната температура е 21 °C, а во летото достига и до 45 °C Суптропскиот ветер од исток носи 1000 мм врнежи годишно, додека во другиот сув дел е околу 80 мм. СтопанствоКако слабо индустријализирана покраина, стопанството се заснова на одгледувањето на крупен добиток и на полјоделството. Има преку 1 милион грла добиток. Памукот е со годишно производство од 100.000 тони беше карактеристичен за 1970-те, но по економската криза во 2001, истиот падна на 50.000 тони. Сојата е со годишно производство од 25.000 тони и пченката со 55.000 тони. Друго; мед (273 т) и деривати, дрвена граѓа (140.000 т) и текстилна ндустрија (памук, кожа). Административна поделбаПокраината е поделена на 9 департмани (со нивните административни центри):
Потекло на иметоИмето на градот и покраината доаѓа од архаичниот шпански fermosa (денешно hermosa) што значи „убава“. Името Vuelta Fermosa или Vuelta la Formosa го користеле шпанските морнари во текот на 16 век за да ја опишат областа каде реката Парагвај поминува сега кај градот. Морнарите ја барале легендарната Сиера дел Плата.[1] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia