Ла Риоха (покраина)
![]() Ла Риоха (шпански: La Rioja) e покраина во Аргентина, семстена во западниот дел на земјата. Се граничи со покраините Катамарка, Кордоба, Сан Луис и Сан Хуан. Географија и климаСместена во северозападниот регион на Аргентина, ја прави оваа покраина сува и неплодна. Тука зимите се кратки, додека летата се долги и суви. Годишните врнежи од дожд се нешто помали од 200 мм. СтопанствоОсновна дејност во оваа покраина е земјоделството, кое поради сушната клима што ја има се изградфени големи системи за наводнување. Најзастапено е винарството и се одгледуваат кикирики, маслинки и памук. Има говеда (250.000 грла) и кози (150.000 грла), кои повеќе се одгледуваат заради нивното крзно. Се копа глина и ураниум во рудникот „Елдорадо“. Административна поделбаПокраината е поделена на 18 департмани (departamentos). ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia