Ванчо АпостолскиВанчо Апостолски (22 декември 1925 во Штип — 8 септември 2008 во Скопје)[1][2] бил македонски политичар, општественик и претседател на претседателството на СР Македонија.[3] Учесник во НОБ. Главен и одговорен уредник на штипскиот обласен весник „Народен глас“. Во 1949 година тој е претседател на Здружението на Новинари.[4] Соработник, уредник и од 1973 до 1982, тој ја извршува функцијата генерален директор на НИП Нова Македонија. Директор на Уредот за информации на Македонија, пратеник и потпретседател на Собранието на Република Македонија, член на Претседателството на ЦК СКМ. Од 1982 до 1986 година, тој е член на Претседателството на СРМ, во еден мандат и негов претседател.[3] Бил дел од делегацијата во Рим, по повод откривањето на спомен плочата во чест на Свети Кирил.[5] Објавил повеќе трудови посветени на македонското национално прашање и на односите со соседите, меѓу кои и „На великобугарски нациналистички позиции“.[3][6] НаградиДобитник е на наградата за публицистика „Мито Хаџивасилев - Јасмин“. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia