Вулнет Старова
Вулнет Старова (Подградец, 6 мај 1934 - 5 август 1995)[1] — педијатар и политичар, Претседател на Собранието на СР Македонија. ЖивотописРоден е во Подградец на 6 мај 1934 година. Во 1959 година го завршува Медицинскиот факултет на Скопскиот универзитет. Во 1965 година специјализира педијатрија во Клиниката за детски болести, а во 1975 година во Приштина брани докторат по социјална педијатрија. Вршел повеќе јавни функции. Бил член на Претседателството на Синдикатот на општествените дејности, во Универзитетскиот совет и во Статутарната комисија на ЦК на КПМ.[2] Од 1974 до 1978 година бил потпретседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ. Напоредно со тоа членувал и бил секретар на Републичкиот секретаријат за здравство и социјална политика. На 28 април 1986 година е избран за Претседател на Собранието на СР Македонија.[3] Функцијата ја извршуваше до 8 јануари 1991 година, кога беше конституирано првото повеќепартиско собрание. Потоа работеше на Медицинскиот факултет, на Детската клиника, а извршуваше и професорска универзитетска дејност. Автор е на книгите „Заедничко живеење: албанската народност во СР Македонија“ („Комунист“, 1988) и „Ацидобазна рамнотежа“ (во соавторство со Љубе Глигоровски, „Студентски збор“, 1989). Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia