Вараждинска жупанија
Вараждинската жупанија се наоѓа во северозападна Република Хрватска. Седиштето на оваа жупанија е градот Вараждин. ГеографијаЖупанијата го опфаќа подрачјето меѓу Драва на север и Страхинчица, Иванчица и Калничко Горје на југ. Таа се состои од вараждинската Подравина, лудбрешката Подравина и северниот дел на Хрватско Загорје.[1] НаселениеСпоред пописот извршен од 2001 година, Вараждинската жупанија броела 184.769 жители, што е 4,2% севкупната популација на Хрватска. Густината на населението изнесувало 149 жители на км2. Етничкиот состав бил следниот: Хрвати 97,7%, Срби 0,4%, Словенци 0,3%, Роми 0,2% и други.
СтопанствоВо Вараждинската жупанија развиени се: текстилната, прехранбената и дрвната индустрија. СообраќајЖупанијата ја сече автопатот А4 кој ја поврзува со унгарската граница (на север) и Загреб (на југ). По хоризонтала (запад-исток), низ жупанијата минува магистралниот пат кој оди крај реката Драва и ги спојува Марибор (Словенија) и Осјек. Низ жупанијата минува и железничка пруга која ги спојува Загреб (на југ), Чаковец и Будимпешта (на север) и Копривница (на исток) ЗнаменитостиИзвор
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia