Личко-сењска жупанија
Личко-сењската Жупанија главно се наоѓа на подрачјето на Лика во западна Хрватска, но го вклучува и северниот дел на островот Паг. Се граничи со Задарската Жупанија на југ, и со Карловачката Жупанија и Приморско-горанската Жупанија на север. НаселениеЛичко-сењска ЖупанијаСпоред пописот од 2001 година во жупанијата живееле 53.677 жители (1,2% од вкупниот број на жители во Хрватска - најмалку населена жупанија во државата). Густината на населноста изнесувала околу 10 жители на км2. Етничкиот состав бил следниот: Хрвати 86,2%, Срби 11,5%, Албанци 0,2% и други (1991; Хрвати 59,7%, Срби 37%). Бројот на жителите низ годините
Извор
ГеографијаВо Личко-сењската Жупанија течат три реки: Лика со должина од 78,1 км (по по која е именувано и Личкото поле, а потоа и целиот регион Лика), Гацка со должина од 55,4 km и Новчица со должина од 29 км. Највисоки планински врвови во жупанијата се: Вагански врв со висина од 1.757 m и Велики Завижан со висина од 1.676 m на Велебит, а на Плешевица Озеблин со висина од 1.657 m. Во жупанијата има и доста езера, а најголеми по површина се Крушќица со 3,9 км2 и Плитвичките Езера со 2 км2. ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia