Крапинско-загорска жупанија
Крапинско-загорска жупанија (хрватски: Krapinsko-zagorska županija) — жупанија во северозападниот дел на Република Хрватска и припаѓа на просторот на централна Хрватска. ГеографијаКрапинско-загорската жупанија се граничи на север со Република Словенија и Вараждинската жупанија, на запад со Република Словенија, на југ со градот Загреб и Загрепската жупанија и на исток со Загрепската и Вараждинската жупанија. Таа го опфаќа јужниот дел на Хрватско Загорје и се наоѓа меѓу Медведница, Калник, Иванчица, Страхинчица, мацељска Гора и реката Сутла. Релјефот е претежно ритчест, а низ жупанијата поминува реката Крапина. Жупанијата е густо населена, но поголемите населби се сместени по речните долини, додека останатите населби се мали и раштркани. Најголемо место е Крапина, кое лежи во долината Крапинчица. Областа е позната и по големиот број извори на термални води.[1] НаселениеСпоред пописот од 2011 година на подрачјето на Крапинско-загорската жупанија живееле 133,064 жители, што е околу 3% од вкупниот број на жители во Република Хрватска. Етнички состав бил следниот: Хрвати 98,4%, Словенци 0,3%, Срби 0,2% и други.
Извор
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia