Карловачка жупанија
Карловачката жупанија се наоѓа во централна Хрватска. Карловачката жупанија се граничи со две соседни држави: Република Словенија и Република Босна и Херцеговина. Административно, политичко, господарско, културно и спортско средиште на жупанијата е градот Карловац. ГеографијаПовршината на жупанијата изнесува 3,311 км2 (5,9% од вкупната површина на Хрватска). Таа се протега во југозападниот дел на Централна Хрватска и е опкружена со Покупље, Кордун и западниот дел на Петрова Гора, југозападниот дел на Ѓумберк, Поткапелската долина, а навлегува малку и во Горски Котар. Областа е ретко населена, зашто претежно се работи за карстно подрачје, со необработливо земјиште. Покрај Карловац, поголеми места во жупанијата се: Огулин и Слуњ. Низ жупанијата течат реките Корана, Купа, Мрежница и Добра, а од вештачките езера се истакнуваат Буковик и Сабљаки.[2] НаселениеСпоред пописот од 2011 година бројот на жители бил 128,749 (3% од севкупното население на Хрватска). Етничкиот состав бил следниот (според пописот од 2001): Хрвати 84,3%, Срби 11%, Бошњаци 0,6% и други. Во 1991 жупанијата броела 184,577 жители (Хрвати 70,3%, Срби 22,7%). Помеѓу двата пописа (1991 и 2001) бројот на Србите се намалил за околу 25,000 (од околу 39,000 на околу 15,000). Густината на населеност била 43 жители км2.
Извори
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia