Варвара (Касандриско)
Варвара (грчки: Βαρβάρα, Варвара) — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 46 километри североисточно од градот Ерисово и на 20 километри северно од Леригово, во североисточниот дел на Халкидик, помеѓу планините Древеник и Сугљани[2]. Селото се наоѓа на надморска височина од 620 метри. ИсторијаМестото било населено уште од XIV век. Името на селото потекнува од месната црква „Св. Варвара“. Отоманско ЦарствоЗа време на Грчката војна за независност селото било запалено од страна на Турците, заедно со другите села на Халкидик. За време на Македонската борба, во селото делувал Атанасиос Минопулос[3]. Селото во текот на XIX век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство. Црквата посветена на Света Варвара била изградена во 1875 година[4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, во селото живееле 600 жители Грци[5]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 555 Грци[6]. ГрцијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 800 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 595 жители. ДемографијаВо 1928 година селото броело 764 жители, додека во 1940 година селото броело 647 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 764 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 803 жител, во 1971 година имало 736 жители, во 1981 година имало 690 жители[7], додека во 1991 година имало 674 жители. Денеска, населението на селото е 538 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
ЗнаменитостиВарвара се наоѓа во средината на една голема шума. Шумата е покриена со густа вегетација. Таа вклучува многу видови на дрвја, меѓу кои и бука, даб и липа. Главно занимање на жителите е преработка на дрвото. Во внатрешноста на шумата се наоѓаат два водопади[8] Во центарот на селото се наоѓа црква посветена на Света Варвара била изградена во 1875 година. Во близина на селото секое лето се одржува музички фестивал, на кој учествуваат грчки музичари и пејачи. За првпат манифестацијата била одржана во 1998 година[9][10]. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia