Сугљани
Сугљани или Сувљани (грчки: Σουγλιάνι) — мала планина на полуостровот Халкидик, Егејска Македонија.[1] Висока е 867 м. ОписПланината е сместена во североисточниот дел на Халкидичкиот Полуостров. Претставува округла ниска планина која на север се граничи со Рендинска Река и на југ е одделена со реките Мавролакос и Докос со планината Пијавица.[1] На картата на Кондогонис (1914) врвот е означен како Сувљани (Σουβλίανι), а на картите на Грчката военогеографска служба од 1927, 1936 и 1947 г. како Сугљани (Σουγλιάνι).[1] Карпите се сочинети од гнајсови и амфиболити. Рендинска Река е вклучена во мрежата на заштитени подрачја Натура 2000.[1] Искачувањето до врвот трае 2 часа, поаѓајќи од селото Горно Ставрос (на 90 м).[1] ВрвовиОва се врвовите на Сугљани, подредени по висина:[1]
ПоврзаноНаводи
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia