Вардарски четнички корпус
Вардарски четнички корпус — составен дел од вооружените сили на Равногорското движење на Дража Михаиловиќ во Вардарска Македонија.[2] ИсторијаВо летото 1943 година бил формиран штабот на Вардарскиот четнички корпус на чело со командантот Стојан Крстев (Крстевиќ), гардиски капетан на бившата кралска југословенска армија, роден во Порече, по потекло Македонец. Вардарскиот четнички корпус го сочинувале Прешевската, Кривопаланечката, Скопската, Жеглиговската и Ристовачката четничка бригада, а неговата дејност се одвивала на територијата Врање - Гнилање - Велес - Гевгелија - бугарска граница. Прешевската бригада била под команда на поручникот Александар Горѓевиќ и се движела на теренот Прешевска долина - Пчињска околија. На Кривопаланечката бригада, пак, команданти биле Ангел Манасиевски, потоа Ѓорѓи Попов, а на крајот Петруш Стефанов, сите Македонци. Жиглиговската била под команда на Милош Анастасиевиќ и се движела до Пчиња, а Скопската бригада, под команда на Никодин Урдаревски, роднина на Александар Урдаревски, дејствувала на теренот на Скопска Црна Гора. Бројната состојба и вооружувањето на Вардарскиот четнички корпус не може со сигурност да се утврди, но извесно е дека на почетокот на 1944 година нејзиниот командант, Крстев, имал околу 8,000 луѓе под оружје, претежно Македонци. Во текот на 1944 година македонските четници биле целосно разбиени и дефинитивно се повлекле од територијата на Вардарска Македонија. Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia