Пиндско-македонско Кнежевство
Пиндско-македонско Кнежевство (грчки: Πριγκιπάτο της Πίνδου; италијански: Principato del Pindo; влашки: Printsipat di la Pind) — автономна држава создадена и под контрола на фашистичка Италија, во северозападниот дел на Грција во регионите на Епир, Тесалија и западна Егејска Македонија за време на Втората светска војна[1]. државата формирана во 1941 година била замислена како држава на Власите, но никогаш не успеала да ги „потчини“ локалните власти, и како таква опстојувала до 1944 г.[2] Главен град бил Мечово, додека седиштето на управата се наоѓало во Трикала. Кнежевството имала и свое државно знаме. Оваа држава имала чисто антигрчка политика, но не и антиеврејска, иако нејзин главен покровител била Италија. На чело на оваа држава бил војводата Алкивијад Дијаманди Самарински - кој царувал цели 3 години, а потоа бил заменет со грофoт од унгарско потекло Ѓула Чеснечки Милвањски, а по него на власт дошол неговиот брат Михајло. Димитар Влахов им ветувал подоцнежно создавање на автономија по советски модел, а новата СР Романија требала да го возобнови финансирањето на месните училишта. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia