Вернар
Вернар (грчки: Παραλίμνιο, Паралимнио)[2] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 18 километри југоисточно од градот Сер и на 15 километри јужно од Довишта, на надморска височина од 2 метри. ИсторијаОтоманско ЦарствоСелото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 25 жители Роми[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 20 Македонци и 180 Роми[4][5]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 120 македонски гркомани[4][6]. ГрцијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 148 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 81 жител[7]. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1930 година, селото било преименувано во Паралимнион[8]. ДемографијаВо 1928 година селото броело 459 жители, додека во 1940 година селото броело 827 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 930 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1110 жители, во 1971 година имало 795 жители, во 1981 година имало 808 жители, додека во 1991 година имало 573 жители.[7] Денеска, населението на селото е 525 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
ЗнаменитостиНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia