Селото се наоѓа на 25 км југозападно од градот Костур. Лежи на надморска височина од 1.180 м во северното подножје на планината Алевица. Растојанието од последната куќа до албанската граница изнесува само 300 м. Има добра положба со панорамска глетка кон Костурската Котлина и долината на реката Девол во Албанија. Во северниот дел на селото тече потокот Рекичко (Ρακίτσκο), а во јужниот тече Коцоборе (Κοτσομπόρε).[4]
Историја
Во Отоманското Царство
Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. како Калувиште со 16 семејства.[5]
Првата црква во селото е „Св. Атанасиј“, изградена во 1710 г., за што сведочи заѕиданата камена плоча.[4] На крајот на XIX век Калевишта било село во Рупишката нахија на Костурската каза. Традиционално селото гравитирало околу соседното големо село Јановени и се вбројува меѓу петте „јановенски села“.[3] Храмот „Св. Димитриј“ е подигнат во 1860[6] или во 1865 г. Селото имало 80-90 куќи и не надминувало 500 жители (70 семејства), кои се занимавале претежно со дрварство, земјоделство, ѕидарство и сточарство. Селото имало 150 хектари обработлива земја.[4] Жителите биле познати градители и като такви оделе на печалба во Горица (Корча), Костур, Солун и Лариса.[7]
Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Калевиста (Καλέβιστα) имало 150 жители христијани.[8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Калевишта имало 455 жители Македонци христијани.[9][10]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Калевишта е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 70 куќи.[11]
Грчка статистика од 1905 г. вели дека селото имало 400 жители.[13] Според Георги Константинов Бистрицки Калевишта пред Балканските војни имало 75 македонски куќи.[14]Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период вели дека Калевишта има 55 куќи на Македонци христијани.[15]
Во Грција
За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 443 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 368.[3]
Во 1928 г. селото е преименувано во Кали Вриси (во превод убава чешма).[16]
Во 1928 г. Калевишта имало 392 жители[3] од кои само еден грчки дојденец.[17] Во истата 1928 г. во селото е изградено првото основно училиште. Во 1920-тите во селото имало 4 чешми, 2 училишта, 2 цркви, 3 параклиса, 1 мелница за брашно, жандармерија и граничен премин.[4]
За време на Втората светска војна италијанската војска бомбардирала позиции во селото, наполно уништувајќи ги црквата „Св. Атанасиј“, училиштето и црквата „Св. Ахил“ на Алевица.[4] „Св. Ахил“ е изградена од селанецот Гине и уништена од Италијанците на 28 октомври 1940 г.[7]
По војната дел од жителите се вратиле во селото и го обновиле. Меѓутоа, во 1950-тите грчката власт насила го раселила.[3] Во 1953 г. неговиот атар е приклучен кон атарот на Ревани, а во 1961 г. е официјално отпишано.[3]
На почетокот на XXI век во селото имало околу 20 градби.[4] На пописот од 2001 г. во Калевишта се забележани 67 жители, но во 2011 г. селото немало ниеден жител.
Судбини на жителите
На овој список се имињата на главите на 65 семејства (351 лице) кои живееле во Калевишта во 1940 г. Даден е бројот на членови на секое семејство и што се случило со нив по Граѓанската војна. На списокот нема евиденција колку и кои лица потоа се доселиле во НР и СР Македонија, а кои засекогаш останале во странство (освен оние кои веднаш пребегале таму).
Семејствата во Калевишта во 1940 г. и нивните судбини по Граѓанската војна[19]
Глава
Членови
Судбина
Паљо Кирјаковски
6
1 загинал, 1 останал во Грција, 4 пребегале во Источна Европа
Васил Костандинов
5
4 пребегале во Унгарија, 1 во Романија
Хараламб Гершов
1
во 1948 г. пребегал во Источна Европа, а во 1958 г. се преселил во Америка
Васил Јановски
8
1 останал во Грција, 6 пребегале во Унгарија, 1 пребегал во СССР
Поп Јане
10
5 останале во Грција, 5 пребегале во СССР
Нико Карабина
3
1 загинал, 2 останале во Грција
Христо Карабина
9
останале во Грција
Јани Мавровски
7
останале во Грција
Никола Чугов
5
2 загинале, 2 останале во Грција, 1 пребегал во полска
Ваноница Чугова
3
останале во Грција
Илија Мавровски
7
останале во Грција
Стефановица Велјовска
5
2 загинале, 2 останале во Грција, 1 пребегал во Чехословачка
Михо Велјовски
7
пребегале во Романија
Фоти Велјовски
4
пребегале во Романија
Аристиди Кочовски
4
1 останал во Грција, 2 пребегале во Унгарија, 1 пребегал во СССР
Христо Кочовски
6
1 загинал, 1 останал во Грција, 4 пребегале во Чехословачка
Анастасија Кочовски
5
3 пребегале во Романија, 1 пребегал во НР Македонија, 1 пребегал во СССР
Панајот Кочовски
7
останале во Грција (се преселиле во Солун)
Панајот Нановски
6
6 пребегале во Романија, 1 пребегал во СССР
Лаки Кочовски
1
останал во Грција (се преселил во Солун)
Сотир Кочовски
2
останале во Грција (се преселиле во Лариса)
Софија Кочовска
2
1 останал во Грција, 1 пребегал во Романија
Тодор Кочовски
5
останале во Грција
Васил Дуловски
7
2 останале во Грција, 4 пребегале во Романија, 1 пребегал во Унгарија
Пандо Дуловски
4
2 загинале, 2 пребегале во Унгарија
Ѓорѓи Велјовски
9
1 загинал, 2 останале во Грција, 6 пребегале во Романија
Христо Јановски
13
5 останале во Грција, 8 пребегале во Романија
Димитрула Жутовска
4
3 останале во Грција, 1 пребегал во СССР
Зисо Дуловски
8
1 загинал, 2 останале во Грција, 4 пребегале во Унгарија, 1 пребегал во СССР
Никола Дулов
5
останале во Грција (се преселиле во Солун)
Коста Фишеов
7
1 загинал, 6 останале во Грција
Јани Мавровски
6
пребегале во Источна Европа
Депа Мавровска
5
останале во Грција
Сотир Паљунков
3
1 загинал, 2 пребегале во Унгарија
Анастас Паљунков
3
1 починал, 2 пребегале во НР Македонија
Костадина Фишеова
6
1 загинал, 4 пребегале во Унгарија, 1 пребегал во СССР
Васил Димитровски
5
пребегале во Источна Европа
Сотир Димитровски
4
1 останал во Грција, 3 пребегале во Романија
Илјо Димитровски
6
пребегале во Источна Европа
Сотир Георгиев Димитровски
2
останале во Грција
Христо Георгиев Димитровски
3
останале во Грција
Мичо Георгиев Димитровски
5
останале во Грција
Пандо Димитровски
3
останале во Грција
Панајот Димитровски
9
останале во Грција
Мита Дараваркина
1
пребегала во Романија
Кољо Димитровски
7
останале во Грција
Димитар Кочовски
3
останале во Грција
Леско Петков
3
пребегале во СССР
Васил Зековски
5
се преселиле во Австралија
Томе Фиљовски
9
1 загинал, 3 останале во Грција, 3 пребегале во Унгарија, 2 пребегале во СССР
Ѓорѓи Гершов
6
2 починале, 1 загинал, 1 останал во Грција, 1 се преселил во Бразил, 1 пребегал во Чехословачка
Серафим Јованов
6
5 останале во Грција, 1 пребегал во НР Македонија
Анасатас Јованов
10
8 останале во Грција, 1 пребегал во НР Македонија, 1 пребегал во Романија
Пандо Јованов
2
1 починал, 1 пребегал во Унгарија
Кољо Ѓумов
2
1 останал, 1 пребегал од Грција
Сократ Шапкаров
5
пребегале во Полска
Анастас Шапкаров
6
пребегале во Романија
Доновица Шапкарова
4
2 останале во Грција, 2 пребегале во Полска
Леско Шапкаров
5
пребегале во Источна Европа
Кирјазица Шапкарова
3
1 загинал, 2 пребегале во НР Македонија
Костадина Шапкарова
6
1 загинал, 5 останале во Грција
Илија Киров
7
2 загинале, 1 останал во Грција, 2 пребегале во Романија
Пандо Киров
4
3 пребегале во Унгарија, 1 пребегал во СССР
Наум Киров
7
2 загинале, 5 останале во Грција
Спиро Костопоров
7
2 загинале, 5 пребегале во Романија
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
305
85
—
—
—
—
67
0
9
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
↑Νικόλαος Σχινάς, Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας / Συνταχθείσαι υπό Νικολάου Θ. Σχινά ταγματάρχου του μηχανικού, Αθήναι, τόμοι 3, 1886. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Καστοριάς
↑Бистрицки (1919). Българско Костурско(PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 8.