Селото се наоѓа во областа Нестрамкол, на 40 км западно од градот Костур. Сместено е на левиот брег на реката Бистрица и во јужното подножје на планината Алевица по која оди границата со Албанија. Се наоѓа мошне блиску до границата, на надморска висина од 1.150 м[3] меѓу врвовите Конопица (1.334 м) и Пор (1.202 м), познат и како Свети Христофор, по името на старата црква што била таму до Граѓанската војна (1946 – 1949).[4]
Историја
Потекло на селото
Селото е основано од македонско население доселено од Епир и денешна Албанија. Според преданијата на старите слимничани Вангел Пржинков, Пандо Главиновски, Чомо Терзицки и Вангеле Синатковски, запишани по Граѓанската војна, повеќето семејства на селото водат потекло од Епир и од селата Чета, Ситница, Видово и други места кои денес со во Албанија.[5]
Преселби во Брацигово и Ковачевица во XVIII век
Околу 1770 или во 1791 г. многу жители на Слимница и соседните Омотско и Орешец се преселиле во Брацигово (денешна Пазарџичка област, Бугарија) поради угнетувања од страна на албанското население.[6][7] Тие пристигнале во Пештера со сиот движен имот и добиток, па почнале да ги обиколуваат околните села Брацигово, Козарско, Кричим и Перуштица, барајќи место да се населат. Слимничани биле бичкиџии (обработувачи на дрво), омотчани биле градители, а орешчани — занаетчии: бојаџии, сапунџии, шарлаганџии, бочвари и џамбази. Се населиле во Брацигово, кајшто немало Турци. Девет слимничани се населиле во Перуштица, дел од омотчаните се населиле во Козарско и други омотчани и орешчани останале во Пештера, каде го основале Габер Маало.[8] Наследниот управник на Татарпазарџичката каза Хасан-бег Гаванозоолу им дал дозвола да се населат во Брацигово и да ги ја избегнат работата на оризарниците задолжителна за староседелците во замена за градителска работа на неговите седум чифлици секоја година. Во Брацигово омотчани, најмногубројни од доселениците, се населиле во северниот дел на селото и го основале Омотското Маало. Слимничани се населиле во источното маало, а орешчани, како најмалубројни, во средината на селото.[9] Од Слимница се истакнатите претставници на Брациговската градителска школа, Никола Тројанов (1775 - 1862) и Петар Чомпел (~1746 – ?).[6]
На крајот од XIX век Слимница било големо македонско село во Костурската каза, едно од петте Јановенски Села. Црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Горното Маало е од 1843 г., а „Св. Атанасиј“ во Долното од 1872 г.[4] Во 1880 г. селото имало 200 семејства.[4] Во 1878 г. по Грчкото востание во Македонија заедно со соседното Пилкати е разгромено од албанските банди на Абидин. Многу од жителите се преселиле во Костур, а по предавањето на Тесалија на Грција во 1881 г. се преселиле во Големо Кесерли и Трикала.[4] Според Сребрен Поп Петров до околу 1915 г. двете горички (корчански) македонски села Бобоштица и Дреново се женеле само меѓу себе и со селани од Слимница, бидејќи трите села делеле исти обичаи и ист говор.[12]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Слимница се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 40 куќи.[15]
Според Георги Константинов Бистрицки Слимница пред Балканските војни имала 40 македонски куќи.[13][16]
Во егзархиската статистика за 1908/1909 г. Атанас Шопов ја ставил Слимница во списокот на македонските патријаршиски села во Корчанската каза.[13][17]
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од грчка војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. влегло во составот на Грција. Во 1920 г. селото броело 612 жители.[3]Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека Слимица има 80 куќи на словени христијани.[19] Во 1928 г. населението се свело на 366 жители, од кои само тројца биле грчки доселеници. Имало три политички убиства.[20] Во 1924 г. на ридот помеѓу двете селски маала е изградено училиште (кое постои и денес) со финансиска поддршка од Алексиос Самарас, трговец со дрвена граѓа од Волос. Негови градители биле арванитски мајстори од Штика во Колоња. Во 1928 г. училиштето го посетувале 68 деца, а детската градинка имала 22 деца.[4] За време на Втората светска војна, во летото 1942 г. селото е изгорено од три германски баталјони заедно со Омотско, Пилкати и Јановени со цел да се ликвидираат партизанските бази.[21]
За време на Граѓанската војна селото многу настрадало и на 27 јули 1947 г. жителите го напуштиле, преминувајќи во посигурните полски села.[4] Црквата „Успение на пресв. Богородица“ е полусрушена.[4] По војната властите не им дозволиле на селаните да се вратат во Слимница.[3]
Во 1950 г. селото е преименувано во Трилофос, иако било во урнатини. Со указ од 16 декември 1953 г. атарот на Слимница е припоен кон атарот на Тухол.[3]
Во Слимница стои старата камена чешма на влезот населото, како и остатоците од манастирот „Св. Јован Претеча“ на самата државна граница, гледајќи кон Арза и параклисот „Св. Христофор“.[4]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
343
—
—
—
—
23
31
6
1
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
Родени во Слимница
Атанас Петров (Αθάνασιος Πέτρου) — гркомански андартски деец, агент од ІІ ред[22]
Бељо (~1741 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Васил Влутов (Βασίλειος Βλούτος) — гркомански андартски деец, агент од ІІ ред[22]
Васил Костов Георгиев (Василис Георгиу Фармакис) — учесник во Грчкото востание во Македонија во 1878 г.[4]
Волчо Терзи (~1746 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Вељо (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Георги Василев (Γεώργιος Βασιλείου) — гркомански андартски деец, агент од ІІ ред[22]
Гинко (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
Гого Џамбаз (~1751 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Дингоз (~1751 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Каљор (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Коле Долгач (~1756 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Коцата (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
Ќосле (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Канчо (~1721 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во изградбата мостот на Марица во Пазарџик[6]
Лазар (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Мирчо (Неделковски) (~1761 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
Михо Терзицки (Михалис Раптис) — фолклорист во Македонија, автор на „Фолклорот на Јановенските села“[24]
Насе Петлешка (~1756 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Никола Белов (Николаос Белос) — учесник во Грчкото востание во Македонија во 1878 г.[4]
Никола Карпутов (Νικόλαος Καρπούτας) — гркомански андартски деец, агент од ІІ ред[22]
Петко Кьорколев (~1751 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
Пашку (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Рајчо (~1716 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., участвал в построяването на моста на Марица в Татар Пазарджик[6]
Сокер (~1741 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
Тане Клетбашов (~1746 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
Тасе Каратанас (~1751 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
Темелко Ќосеќоев (~1741 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
Тројан (~1736 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Тројанче (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Трпе Манов (~1741 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Харилај Христов (Χαρίλαος Χρήστου) — гркомански андартски деец, агент од ІІ ред[22]
Христо Грабада (Ицо, ~1751 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
Христо Прекум (Ицо, ~1746 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
Цено (~1741 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Червенко (~1751 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Чоме (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Шишко (~1726 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Јанко (~1721 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Други
Ангел Бојанин (1825 – 1902) — мајстор-градител, по потекло од Слимница
Ангел Петлешков (~1810 – 1822), кмет на Брацигово, по потекло од Слимница
Димитар Бојанин (1800 – 1876) — мајстор-градител, по потекло од Слимница
Иван Бојанин (1818 – 1877) — мајстор-градител, по потекло од Слимница
Никола Тројанов (1824 – 1876) — револуционер, по потекло од Слимница
Петко Бојанин (1828 – 1889) — мајстор-градител, по потекло од Слимница
Тодор Чомов (1857 - 1927) — учесник во Бугарските доброволни чети, по потекло од Слимница
Филип Георгиев (Боревич) Ќосејлев (1847, Брацигово - 1897, Брацигово) — четник од II чета на II дружина на Бугарските доброволни чети, пуштен од служба на 24 јуни 1878 г., и по војната работел како дуќанџија во Брацигово,[25] по потекло од Слимница
Христо Бојанин (1798 – 1875) — мајстор-градител, по потекло од Слимница
Христо Трајанов (1926 – 2015) — писател во Бугарија, по потекло од Слимница
Литература
Раптис, Михалис (1977). Фолклорот на Јановенските села во Костурско. Скопје: Институт за фолклор.
↑Бистрицки (1919). Българско Костурско(PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 8.
↑Георгиев, Величко, Стайко Трифонов (уред.) (1996). История на българите в документи 1878 - 1944. I, част втора: Българите в Македония, Тракия и Добруджа. София: Издателство „Просвета“. стр. 247. ISBN954-01-0558-7.
↑Раптис, Михалис (1977). Фолклорот на Јановенските села во Костурско. Скопје: Институт за фолклор.
↑Христов, Иван, и др. Българското опълчение 1877 - 1878 : Биографичен и библиографски справочник. 1 : I, II, III дружина. [Казанлък]: Издателство „Казанлъшка искра“ ЕООД, „Ирита Принт“ ООД. стр. 251. ISBN954-692-001-0.