Сè до доаѓањето на Јустинијан I (527–565), секоја област од царството користела свои мерки, без да постои заеднички договорен систем. Јустинијан започнал процес на стндардизација и создал систем со кој може полесно да се управува со сиот промет во производството, трговијата и услужнте дејности.[1] И покрај настојувањето на државната власт да се користат овие заеднички мерки, другите системи продолжиле да се користат напоредно на официјалниот, поради месните обичаи, надворешнте влијанија и потребите на занаетите.[1] Покрај ова, во XII век странските трговци како венецијанците, пизанците и џеновјаните кои работеле во рамките на царството добивале право на употреба на нивните мерки.[1][2]
Должина и растојание
Византија продолжила да ги користи антропометриските единици користени од грците и римјаните.
Законите за тежина и единици мерки биле носени од страна на царевите како облик на даночна реформа. Упатство од XI век за собирање на даноците содржи исправки од царот Михаил [n 1] додавајќи шака на основната мерка при пресметувањето на имотниот данок,[n 2] дејсјтво кое ги намалило давачките за околу 5%.
Добиена од старата единица за должина грчка стапка, стандардната должина на стапката во Византија изнесува 0.3123 m, но во практиката должината се движела меѓу 0.308 и 0.320 m[7]
lit. "forearm" Општествениот кубит се состоел од 24 дактили и воглавно се користеле во градежништвото, зато и се нарекувале уште и литик („камен“), [ксило]пристик („[дрво]-сечачки“), тектоник („градежни“).[6] Царскиот или геометрикиот кубит имал 32 дактили и се користел за мерење на должини наполињата за да се одреди данкот.[6] Постоеле и месни варијации за различни мерења.[6]
9 спитами = 108 дактили, користена за мерење на полињата за пресметка на даноци. За да го олесни даночното оптоварување, Михаил IV вовел подолга мерка од 9,25 спитами (2,17 m) за употреба при пресметување на висок и среден квалитет, додека помалата вредност се користела за посиромашни земјишта.[8]
lit. „мало јаже“ Основата за пресметка на даноците за имот, различно пресметувана 10 сажни за плодниот Балкан и западна Анадолија и 12 дсжени во остатокот од Мала Азија.[9]
lit. „вртење“ некогаш опишана како (квадратен) „плетрон“,[13] иако е невообичаена во византиските текстови [11] Старогрчката акр, првично дефинирана како растојание изорано од пар волови во еден ден[10] и продолжила да се менува според квалитетот на земјиштето меѓу 900 и 1.900 м2[14]
Моди зевгари
μόδιος ζευγάριον
30.000
2.973
Високо менлива. Моди биле понекогаш многу помали единици кој се сведувале на 100 или 250 до еден зевгар.[15] „Моди“ била првично единица мерка за жито, и „зевгари“ се однесува на жолчка.[1]
Извор: Loizos,[13] доколку не е поинаку забележано. Метричките вредности се приближни.
Количество
Јасида реконструкција во музејот за подводна археологија во Бодрум, наполнета со реплики на византиски амфори.Музејска постановка на различни византиски стилови на амфори.
Обичните единици користени биле најчесто римски единици:
Извор: Loizos,[16] доколку не е поинаку забележано. Метричките вредности се приближни.
Тежина
Пет бронзени теговиБронзените тегови за кантар биле во облик на византиска царица[17]
Обичните единици за мерење на тежина или маса биле често римски единици, засновани на подоцнежната римска фунта.[18] Сето ова е засновано напознатата легислатива на Константин Велики од 309 година како 72 златни солиди за една фунта.Бидејќи на почетокот еден солид тежел 4,55 грамови, па така една фунта имала 0,3276 кг во тој период.[18] Солидот честопати бил подложен на девалвација, сепак, при што просечната фунта имала 0,324 кг (IV–VI век), 0,322 кг (VI–VII век), 0,320 кг (VII–IX век), 0,319 кг (IX–XIII век), и дури помалку во наредниот период.[18]
Урнеците за теговите се изработувале од олово, бронза, и стакло и многу поретко од злато и сребро.[19] Ги имало во најразлични облици. Денес, археолозите веруваат дека бронзените топки со отсечени горен и долен дел со ознака омикрон/ипсилон од почетокот на III или кон крајот на V век, постепено биле заменети со квадратни со ознаки гама/омикрон (𐆄)во текот на IV век.[19] Во втората половина на VI век, кои биле заменети подоцна од дискови најверојатно од IX век[19] или најверојатно XII век.[20] Стаклените теговиимале бројни предности во производството и употребата [20] мо како да исчезнале по загубата на Сирија и Египет во VII век.[21]
Анализата на илијадници зачувани тегови силно укажува на многубројни месни тежински стандарди во Византија пред арапските освојувања.[22] Под водство на Јустинијан I, тежините на монетите биле проверувани од comes sacrarum largitionum и теговите за употреба од страна на преторијанскиот префект и епарх на градот.[23] Во IX век, градскиот епарх ги контролирал сите тегови во Цариград,[19][24] иако археолошките наоди покажале дека останатите издавале сопствени тегови[19]
Entwistle, Christopher (2002), „Byzantine Weights“, The Economic History of Byzantium: From the Seventh through the Fifteenth Century, Washington: Dumbarton Oaks, Архивирано од изворникот на 2015-09-23, Посетено на 2015-08-15.
Kazhdan, Alexander, уред. (1991). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford University Press. ISBN978-0-19-504652-6. Отсутно или празно |title= (help)
Loizos, Demetris I. (2010), „Byzantine Measures“(PDF), Digital Humanities: Diophant Ancient Measures Converter, Посетено на 6 April 2015.
Morrisson, Cécile; и др. (2002), „Prices and Wages in the Byzantine World“, The Economic History of Byzantium: From the Seventh through the Fifteenth Century, Washington: Dumbarton Oaks, стр. 815–878, Архивирано од изворникот на 2015-09-23, Посетено на 2015-08-15.
Nicole, J., уред. (1970), The Book of the Eparch, London.
Oikonomides, Nicolas (2002), „The Role of the Byzantine State in the Economy“, The Economic History of Byzantium: From the Seventh through the Fifteenth Century, Translated for publication by John Solman, Washington: Dumbarton Oaks, стр. 973–1058, Архивирано од изворникот на 2015-09-23, Посетено на 2015-08-15.
Porter, H. (1939), „Sabbath Day's Journey“, International Standard Bible Encyclopedia, William B. Eerdmans Publishing.
Pryce, Frederick Norman; и др. (2012), „measures“, The Oxford Classical Dictionary, 4th ed., Oxford: Oxford University Press, стр. 917, ISBN978-0-19-954556-8.
Schilbach, Erich (1991), „Pletron“, The Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford: Oxford University Press, ISBN9780195046526, Архивирано од изворникот на 2015-04-14, Посетено на 2015-08-15.
Smith, William (уред.), „Uncia“, A Dictionary of Greek and Roman Antiquities, стр. 1213