Википедија:Агроекспедиции 2017
Во текот на 2017 година се спроведени две главни агроекспедиции, со кои би биле опфатени следните области:
Одржани АгроекспедицииПролетнаПролетната експдиција започнала на 2 март каде Корисник:Македонец и Корисник:Иван Ж се упатиле во посета на производствени капацитети од прехранбената индустрија во Општина Чешиново-Облешево во Кочанско и во Овче Поле, каде биле посетени Млекарницата „Осогово Милк“ во с. Соколарци, мелничарската индустрија „Мак Млин“ со лупилницата и погонот за производство и пакување за ориз, мелницата за пченица и производство на брашно и лабораторијата за испитување на зрна и семиња во с. Чешиново и најсовремените стакленици - оранжерии на „Хорти Центар - Балкан Гринхаус“ кај с.Амзабегово во Општина Свети Николе каде се одвива производство на домати,а воедно претставува и тренинг-центар за обука на градинари од ширум Балканот. На 4 март Корисник:Иван Ж и Корисник:Sazdo заедно со дипл. агроном Дана Ужевска повторно оствариле посета на Овчеполскиот регион каде било сликано оранжериско производство на 7 земјоделски култури под пластеник, додека истовремено Корисник:Македонец во плодната рамнина на Скопското Поле го сликал процесот на пролетна сеидба и орање со трактори. ЛетнаЛетниот циклус на агроекспедициите се одвивал во месеците јуни, јули и август, со цел да се опфати фазата на созревање на есенските посеви пред нивната берба и фазата на создавање на плод и зреење на земјоделските култури посадени во пролет, при што се опфатени житата: пченица, јачмен и пченка и градинарските култури: пиперки, домат, грашок, лубеници, како и луцерката од крмните (фуражни) и индустриски култури и повеќе видови на земјоделска механизација како трактори, комбајни, плугови итн.. Во два наврати Корисник:Македонец (Марио Шаревски) ги посетил најразвиените земјоделски области во југоисточниот дел на Македонија: Струмичко во полето во околината на селото Добрејци на 18 јули 2017 и Гевгелиско во околината на селото Миравци на 13 август 2017, додека во текот на летните месеци почнувајќи од јуни се направени и неколку помали обиколки на земјоделските површини во Скопско во околината на селата Драчево и Долно Лисиче. Статии
ФотографииСите фотографии направени за време на ароекспедициите се достапни во следнава категорија:
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia