Добрејци
![]() Добрејци — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица. Географија и местоположбаДобрејци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во Струмичко-радовишката Котлина. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 3 километри и претставува приградска населба. Надморската височина во селото е 230 метри а површината на селото изнесува 552 ха. Селото се граничи со Баница, Струмица, Василево, Пиперeво, Просениково, Дабиле. Денеска, селото се дели на Старо и Ново Добрејци. Новата населба се наоѓа западно од Старо Добрејци, и се разделени од Крива река. ИсторијаЛегендаВо минатото, местото каде денеска се наоѓа Ново Добрејци се нарекувало Марино село, според неколкуте жени кои се викале Марина. Според легендата, селото било основано од сега напуштена населба помеѓу селата Водоча и Вељуса. Во таа населба постоела селска чешма која населението ја нарекуала Добринска чешма. Но во селото имало многу змии, па затоа жиелите на населбата го напуштиле местото и се населиле во месноста Црнилка. Но, поради појава на болести ѓителите биле принудени уште еднаш да основат нова населба, и тоа на местото на денешно Старо Добрејци. Поради тоа што им се допаднало новото место, населението започнало да го употребува терминот „Овде е добро“. Според ова, и селото го добило своето име - Добрејци. Според друга легенда, името го добил според добрината на луѓето кои живееле во селото, додека според трета легенда, името на селото било според Добрин, жител на селото. Османлиски периодЗа првпат селото се споменува во 1519 година кога биле евидентирани 24 домаќинства. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Добрејци се состоело од 20 семејства и 72 жители Македонци[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Добрејци имало 250 жители Македонци[2][4]. Во селото како учител работел Коста Мазнејков во училиштето кое било основано во 1900 година. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 160 Македонци и работело егзархиско училиште[2][5]. Југословенски периодПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, и подоцна Кралство Југославија. СтопанствоПретежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 453 ха[6]. Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7] Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.764 жители, сите Македонци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.507 жители, од кои 1.373 Македонци, 1 Турчин, 4 останати и 129 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи
Културни и природни знаменитости
Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постојат избирачките места бр. 1765 и 1766 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и месната заедница.[14] На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.525 гласачи.[15] На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.530 гласачи.[16] Редовни настаниЛичности
Култура и спорт
ИселеништвоГалерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia