Википедија:Велоекспедиции 2020
Во текот на 2020 година била организирана една посебна велоекспедиција во една област, Порече, односно во селата кои не биле опфатени при викиекспедицијата во текот на 2017 година. Воедно, во текот на 2020 година биле спроведени низа збирни посети на различни места во Македонија. Прва велоекспедицијаПоречеНа 19 септември 2020 година (сабота), корисниците Ehrlich91 и Тони Ристов се упатиле кон селата во областа Порече, каде што била спроведена четвртата организирана посебна велоекспедиција. Еден ден пред започнувањето на Викиекспедициите за 2020 година, корисникот Ehrlich91, заедно со уште член, заминале во областа Порече, која веќе била посетена во склоп на проектот Викиекспедиции во текот на 2017 година. Целта била да се посетат селата до кои тогаш не се стигнало. Рано изутрината на 19 септември 2020 година, двајцата членови се упатиле од Скопје преку резерватот „Јасен“ до поранешното општинско седиште Самоков, каде ја оставиле својот автомобил и ја започнале експедицијата со своите велосипеди. Од селото Самоков најпрвин се упатиле кон селото Рамне, до кое водел земјен пат. Во разговор со повратници во селото успешно било пронајдена црквата и биле направени фотограции од куќите во него. Потоа, по земјениот пат се продолжило кон селото Брест, кое всушност било целосно документирано во рамки на експедицијата во 2017 година и затоа брзо се продолжило кон врвот Фојник над селото, од каде се пружал одличен поглед на езерото Козјак. Воедно, таму се наоѓа и малата црква „Св. Преображение“, која била фотографирана. Од врвот Фојник, се спуштивме до селото Требовље, кое било целосно документирано, поради што низ него само најдовме вода и продолживме кон селото Растеш, каде некое време се обидовме да ја пронајдеме црквата „Св. Никола“, која минатиот пат на експедицијата не била документирана. Откако успешно била пронајдена црквата, екипата продолжила кон селото Битово, а оттаму и над него по патот кој води кон Гостиварско. По тој пат се наоѓа втората селска црква во Битово, црквата „Св. Петар и Павле“, сместена високо над селото. Потоа, над црквата патот се двои и ние продолживме лево кон селото Долно Ботушје, најпрвин пристапувајќи му на Ботушкиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“, а подоцна и на самото село. Бидејќи веќе беше доцна и дознавме дека нема пат од Горно Ботушје за селото Бенче, тој дел од рутата била откажана и Горно Ботушје го фотографиравме само од далечина. Во селото Долно Ботушје ја најдовме главната селска црква „Св. Никола“, која ја фотографиравме и со тоа ја завршивме експедицијата, упатувајќи се на нашата прва точка, Самоков.
На крајот, експедицијата ја завршивме со посетени и фотографирани 7 села, заедно со бројни цркви и други културни и природни знаменитости. Галерија
ФотографииСите фотографии направени за време на велоекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Збирни посетиНиз текот на целата 2020 година, корисникот Ehrlich91, сам или со други членови, фотографирал бројни недостапни објекти или села, за кои дотогаш немало фотографии на Заедничката Ризница. Галерија
ФотографииСите фотографии направени за време на велоекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia