Вир (Порече)За други истоимени места, погледајте Вир.
Вир — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод. Потекло и значење на иметоИмето на селото потекнува од вир со значење за длабнатина каде се собира вода.[2] Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Порече, во североисточниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од десната страна на реката Треска.[3] Селото е рамнинско, на надморска височина од 640 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 15 километри.[3] Селото е сместено во горниот дел на долината на Модришка Река, која се влева во Треска, кај селото Модриште. Нивите се наоѓаат околу селото, а шума има малку.[2] Куќите се на дното на долината и по бреговите. Групирани се во три маала: Шјаковско, Николовско и Шутевско.[2] До Вир води земјен пат, кој започнува од селото Модриште. Со земјен пат, селото е поврзано и со селото Локвица. ИсторијаВо селскиот атар се наоѓаат старини на месноста Горна Црква, каде има и гробишта.[2] Народното предание наведува дека селото настанало со доселување и во прв момент се нарекувало Дервен Вир.[2] Во XIX век, Вир било село во Поречката нахија, на Кичевската каза, во Отоманското Царство. Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4] СтопанствоАтарот е зафаќа површина од 11,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 617,7 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 89,2 хектари, а на пасиштата само 22,4 хектари.[3] Селото има мешовита полјоделско-шумарска функција.[3] Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 40 домаќинства со 161 жител, од кои 55 муслимани и 106 христијани.[5] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Вир имало 290 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вир имало 280 жители.[7] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вир се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9] Вир е мало село, коешто во 1961 година броело 245 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 31 жител, македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Вир имало 18 жители, сите Македонци.[10] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, од кои 5 Македонци и 2 лица без податоци.[11] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиВир е македонско православно село. Сите родови во селото се доселенички. Во селото има четири рода.[2] Според истражувањата на Петар Јовановиќ во 1930-тите години родови во селото се: Шутевци (13 к.), доселени се од кичевското село Шутово; Шијаковци (9 к.), доселени се од Шијак во Албанија, нивниот предок кој се доселил бил прво во Модриште, но од таму го избркале, па си направил колиба во Вир, но го фатило срам и се отселил во Сливје, но таму не му се допаднало, па се вратил назад и за постојано се населил во Вир; Николовци (6 к.), основачот на родот дошол од Дебарско и влегол во родот Шијаковци, каде се оженил за некоја крива девојка; Савевци (17 к.) исто така доселени од Дебарско, најпрво дошол овде на чифлик, но не му се допаднало, па отишол во Сливје, па кога и таму не му се допаднало се вратил назад во Вир. Општествени установи
Самоуправа и политика![]() Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Самоков. Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод. Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Модриште, во која покрај селото Вир се наоѓале селата Белица, Брезница, Калуѓерец, Могилец, Модриште, Локвица, Тажево и Црешнево. Општината Модриште постоела и во периодот 1950-1952 година, во која влегувале селата Белица, Вир, Калуѓерец, Локвица, Могилец и Црешнево. Избирачко местоВо селото постои избирачко место бр. 0239 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[16] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[18] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[19] Културни и природни знаменитости
ЛичностиЛичности родени во Вир:
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia