Википедија:Вики за човековите права 2022![]() Вики за човековите права 2022 — меѓународна иницијатива за одбележување на Денот на планетата Земја преку создавање содржини за поголема покриеност на темите поврзани со човековите права и здравата животна средина на Википедија. Иницијативата се одржала под крилатицата „Право на здрава житовна средина“ и вклучува меѓународен предизвик во организација на Фондацијата Викимедија во соработка со Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Програмата на ООН за животна средина и УНИЦЕФ. Во насока на поголема застапеност на темите за човековите права и здравата животна средина на македонски јазик, заедницата на Википедија на македонски јазик зема учество преку организирање уредувачки потфати. Меѓународната иницијатива се одржува од 15 април до 15 мај 2022 година, но заедницата на Википедија на македонски јазик во периодот 1–30 април 2022 година го организирала уредувачкиот натпревар „СИЕ Пролет 2022“ во чии рамки биле вклучени списоци со предложени статии на теми за човековите права. Меѓународен предизвикВо рамки на иницијативата бил организиран меѓународен предизвик којшто имал за цел збогатување на викимедиините проекти со содржини на теми поврзани со здравата животна средина преку создавање и подобрување статии на Википедија, додавање слики во статиите и уредување предмети на Википодатоци. Повеќе информации за тоа како можело да се учествува во предизвикот и на кој начин биле вреднувани придонесите може да се најдат на оваа страница. Награди и признанијаНајплодотворните учесници во предизвикот добиле вредносни награди од википедиината продавница, и тоа:
Следните тројца најплодотворни учесници на јазиците коишто не се службени на ООН, односно на било кој јазик освен англиски, арапски, кинески, руски, француски и шпански, добиле купон во вредност од 50 американски долари. Освен наградите, најдобрите десет учесници во предизвикот добиле уверение од Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации. Наградни потфатиСите уредувачки потфати во склоп на иницијативата на Википедија на македонски јазик организирани во периодот на времетраење на меѓународната иницијатива биле дел од меѓународниот предизвик, односно придонесите на учесниците во нив биле засметани во трката за освојување награда во предизвикот. Тие се:
Забелешка: Во описот на секое уредување задолжително требало да се внесе #WikiForHumanRights. (Ова било важно за придонесите во меѓународниот предизвик да бидат пронајдени.) Уредувачки потфатиСИЕ Пролет 2022Во периодот 1-30 април 2022 година е одржан уредувачкиот натпревар „СИЕ Пролет 2022“ во чии рамки биле вклучени списоци со предложени статии на теми за човековите права.
Еколошко право![]() Во периодот 16-17 април 2022 година е одржан уредувачки викенд на тема „Еколошко право“.
За создавање или подобрување на статии во врска со еколошкото право можело да се користат другите јазични изданија на Википедија, дигитализирани и други материјали.
Еколошки активисти![]() На 21 април 2022 година е одржан уредувачки ден на тема „Еколошки активисти“.
За создавање или подобрување на статиите за еколошки активисти можело да се користат другите јазични изданија на Википедија, дигитализирани и други материјали.
Заштита на природата![]() Во периодот 23-24 април 2022 година е одржан уредувачки викенд на тема „Заштита на природата“.
За создавање или подобрување на статии во врска со заштитата на природата можело да се користат другите јазични изданија на Википедија, дигитализирани и други материјали.
Климатски промени![]() Во периодот 4-10 мај 2022 година е одржана уредувачка седмица на тема „Климатски промени“.
Изборот на статии за уредување било препорачано да се врши од предложениот список којшто ги покрива следните теми поврзани со климатските промени: Дополнително, изборот на статии можел да се врши и од следната предлошка на Википедија на англиски јазик:
Зелени политички партии![]() На 12 мај 2022 година е одржан уредувачки ден на тема „Зелени политички партии“.
За создавање или подобрување на статиите за зелени политички партии можело да се користат другите јазични изданија на Википедија, дигитализирани и други материјали.
Социјални медиумиСподелувањето на меѓународната иницијатива на социјалните медиуми било препорачано да се врши со тарабните ознаки #WikiForHumanRights, #Wiki4Climate, #EarthDay и #EarthMonth. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia