Википедија:Уредувачки маратони 2018
Во 2018 година било планирано да се организираат четири, а биле организирани шест уредувачки маратони. Прв маратонВелоградПрвиот уредувачки маратон во 2018 година се одржал на 18 јануари (четврток) во просториите на социјален центар „Дуња“ (видете карта) во Скопје со почеток од 19:00 часот. Темата гласела „Велоград“, а истиот траел околу три часа.
Втор маратонАрхитектураВториот уредувачки маратон во 2018 година се одржал на 14 април (сабота) во просториите на Архитектонскиот факултет во Скопје со почеток од 10:00 часот. Темата гласела „Архивики 2018“, а истиот траел околу шест часа.
Трет маратонБиологијаТретиот уредувачки маратон во 2018 година се одржал на 26 јуни (вторник) во просториите на библиотеката на Природно-математичкиот факултет во Скопје со почеток од 16:00 часот. Темата гласела „Биологија“, а истиот траел околу два и пол часа.
Четврти маратонДеловно работењеЧетвртиот уредувачки маратон во 2018 година се одржал на 24 септември (понеделник) во просториите на сметководственото биро „Колчкоски“ во Скопје со почеток од 10:00 часот. Темата гласела „Деловно работење“, при што се создавале статии на теми од областа на деловното работење, сметководството и бизнис администрацијата, а истиот траел околу два и пол часа.
Петти маратонПсихологијаПеттиот уредувачки маратон во 2018 година се одржал на 24 ноември (сабота) во кафе-ресторанот „Umbrella“ во Скопје со почеток од 10:00 часот. Темата гласела „Психолохија“, при што се создавале статии на теми од областа на психологијата, а истиот траел три часа.
Шести маратонПолска![]() Шестиот уредувачки маратон во 2018 година се одржал на 8 декември (сабота) во кафе-барот „Piazza Liberta“ во Скопје со почеток од 11:30 часот. Темата гласела „Полска“, во чии рамии биле опфатени теми од географијата, историјата, спортот, културата, економијата и други области, а истиот траел околу четири часа.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia