Водовишта
Водовишта или Фотовишта (грчки: Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 58 километри јужно од градот Драма и на 13 километри југозападно од Доксат. Селото се наоѓа на надморска височина од 50 метри. ИсторијаСелото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Тодор Симовски смета дека ова била чифлигарска населба каде живеел Роми.[3] По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 583 жители[4] Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1927 година, селото било преименувано во Агија Параскеви[5]. ДемографијаВо 1928 година во селото биле сместени 64 грчки семејства со 274 лица[6]. Во 1928 година, бројот на населението бил 329 лица, додека во 1940 година селото броело 388 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 707 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 789 жители, во 1971 година имало 647 жители, во 1981 година имало 618 жители, додека во 1991 година имало 601 жител[7]. Денеска, населението на селото е 454 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia