Долно Бунарбаши
Долно Бунарбаши (грчки: Κάτω Κεφαλάρι, Като Кефалари)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 10 километри јужно од градот Драма и на 6 километри јужно од Доксат. Селото се наоѓа на надморска височина од 45 метри. ИсторијаОтоманско ЦарствоСелото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 120 Турци[3]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 125 жители[4]. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1927 година, селото било преименувано во Като Кефалари[5]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia