Каламбак
Каламбак (грчки: Καλαμπάκι, Каламбаки)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 12 километри јужно од градот Драма и на 8 километри југозападно од Доксат. Селото се наоѓа на надморска височина од 50 метри. ИсторијаОтоманско ЦарствоСелото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 300 Турци[3]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 817 жители[4]. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1927 година, селото било преименувано во Каламбаки[5]. ДемографијаВо 1928 година во селото биле сместени 404 грчки семејства со 1684 лица[6]. Во 1928 година, бројот на населението бил 1684 лица, додека во 1940 година селото броело 2873 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 3189 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 3199 жители, во 1971 година имало 2974 жители, во 1981 година имало 3389 жители, додека во 1991 година имало 3388 жители[7]. Денеска, населението на селото е 3110 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia