Горен Чинар
Горен Чинар (грчки: Άνω Λεύκη, Ано Левки) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 17 километри североисточно од градот Кавала на надморска височина од 316 метри. ИсторијаОтоманско ЦарствоСелото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. ГрцијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција. ДемографијаСелото според пописот од 1961 година во селото живееле 193 жители, во 1971 година имало 108 жители, во 1981 година имало 19 жители, во 1991 година имало 8 жители[2], додека во 2001 година имало 10 жители[3]. Денеска, населението на селото е 17 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia