Ќосе Елјаз
Ќосе Елјаз (грчки: Χαλκερό, Халкеро) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 9 километри североисточно од градот Кавала на надморска височина од 115 метри. ИсторијаОтоманско ЦарствоСелото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 360 Турци[2]. ГрцијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1927 година, селото било преименувано во Халкеро[3]. ДемографијаВо 1928 година во селото биле сместени 30 грчки семејства со 106 лица[4]. Во 1928 година, бројот на населението бил 106 лица, додека во 1940 година селото броело 187 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 313 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 304 жители, во 1971 година имало 265 жители, во 1981 година имало 244 жители, додека во 1991 година имало 212 жители[5]. Денеска, населението на селото е 194 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia