Чинар (Кавалско)
Чинар (грчки: Λεύκη, Левки[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 14 километри североисточно од градот Кавала на надморска височина од 121 метри. ИсторијаОтоманско ЦарствоСелото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 80 Турци[3]. ГрцијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1927 година, селото било преименувано во Левки[4]. ДемографијаВо 1928 година во селото биле сместени 40 грчки семејства со 156 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 156 лица, додека во 1940 година селото броело 234 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 278 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 128 жители, во 1971 година имало 90 жители, во 1981 година имало 64 жители, додека во 1991 година имало 48 жители[6]. Денеска, населението на селото е 194 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia