Селјани
Селјани (грчки: Φίλιπποι, Филипи[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 18 километри северно од градот Кавала на надморска височина од 78 метри. ИсторијаАнтичка историјаКрај денешното село се наоѓаат урнатините на античкиот град Филипи (Кринидес), основан од колонисти од Тасос и преоснован од Филип II Македонски, познат по Битката кај Филипи во 42 п.н.е. Отоманско ЦарствоСелото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 800 Турци и 200 Грци[3]. ГрцијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1926 година, селото било преименувано во Месорема, но во 1932 година уште еднаш било променето во денешното име, Филипи[4]. ДемографијаВо 1928 година во селото биле сместени 163 грчки семејства со 312 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 1207 лица, додека во 1940 година селото броело 1445 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 1668 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1353 жители, во 1971 година имало 732 жители, во 1981 година имало 728 жители, додека во 1991 година имало 778 жители[6]. Денеска, населението на селото е 894 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia