Гоце Тодоровски (р. 30 април 1951 година во Кичево) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист.
Животопис
По завршувањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во класата на професорот Илија Џувалековски, тој се вработил во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнал како мошне надарен и суптилен комичар. Тој имал одлична соработка со голем број на познати наши режисери: Слободан Унковски, Коле Ангеловски, Димитар Станковски, Владимир Милчин и Димитрие Османли. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој е често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин е и во другите театарски куќи во Македонија. Тој е препознатлив и по телевизиски екранизација, веќе долги години сихронизари турски серии за Сител Телевизија.[1]
Награди
Филмографија
Театарски улоги
- И бол и бес од Славко Јаневски, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1975;
- Новинар — Досада на самиот врв на највисоката власт од Коле Чашуле, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1975;
- Жител на Тива — Цар Едип од Софокле, р. Миле Корун, Драмски театар - Скопје 1976;
- Мажот — Џинот од Ѓорѓи Сталев, р. Васил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1976;
- Џин 2 — Баш челик од Горан Бабиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1977;
- Лука Лукиќ – Ревозор од Гогољ, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1978;
- Ѓаволчето — Шекспир во приказни од Богомил Ѓузел, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1978;
- Докторот – Веселата смрт од Евреинов, р. Наум Пановски, Драмски театар - Скопје 1979;
- Цанде – Солунски патрдии од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1979;
- Питачот — Дон Жаун од Жан Батист Молиер, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1980;
- Давидов — Бркотница од Лав Биринскиј, р. Владимир Милчин, Драмски театар - Скопје 1980;
- Помалиот — Чудото на свети Ѓорѓија од Русомир Богдановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1981;
- Големиот пират — Џон Пиплфокс од Мирослав Беловиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1981;
- Артур — Ајкула од Виктор Хаим, р. Ѓорѓи Стојаноски, Драмски театар - Скопје 1982;
- Уредникот — Полнета птица од Фадил Хаџиќ, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1982;
- Џингискан — Мачорот Џингискан и Мики траси од Весна Парун, р. Ѕвездана Ладика, Драмски театар - Скопје 1982;
- Леле Малр — Јадигар од Васе Манчев, р. Борко Зафировски, Драмски театар - Скопје 1983;
- Големиот пират — Џон Пиплфокс од Душан Радовиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1984;
- Пикас — Ловечка сказна од Стефан Пешиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1985;
- Тетовирани души од Горан Стефановски, р. Паоло Маџели, Драмски театар - Скопје 1985;
- Кирца — Викенд на мртовци од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1985;
- Коприварник од Иван Карадак, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1986:
- Питу — Сара Бернар од Џон Марел, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1986;
- Сер Тоби — Ноќ спроти водици од Вилијам Шекспир, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1986;
- Вуле — Клаустрофобичка комедија од Душан Ковачевиќ, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1988;
- Петар — Собирен центар од Душан Ковачевиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1989;
- Борила — Чудовиштата во нашиот град од Русомир Богдановски, р. Коле Ангеловски, Театар за деца и младинци 1990;
- Ринго — Чија си од Сашко Насев, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1991;
- Генералот — Балканот од Жан Жене, р. Ивица Кунчевиќ, Драмски театар - Скопје 1991;
- Сузана — Женски оркестар од Жан Ануј, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1991;
- Доктор — Болва во уво од Жорж Фејдо, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1992;
- Дурмиш — Харем од Сашко Насев, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1994;
- Ќорле — Кумови од Коле Ангеловски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1995;
- Хихирику од Иван Карадак, р. Миле Грозданоски, Универзална сала – Скопје 1996;
- Свадбата на Фигаро од Пјер Бомарше, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1998;
- Платонов од Антон Павлович Чехов, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1999;
- Мефисто од Клаус Ман, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2000;
- Ферхат и Ширин од Назим Хикмет, р. Ертен Јуџел, Драмски театар - Скопје 2000;
- Хихирику - 25 години од Иван Карадак, р. Миле Грозданоски, Универзална сала – Скопје 2004;
- Купидона од Срѓан Јанаќиевиќ, р. Срѓан Јанаќиевиќ, Драмски театар - Скопје 2005;
- Ангеле — Лет во место од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 2005;
- Ладало од Карло Голдони, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2006;
- Тоза — Македонски рулет од Љубиша Георгиевски, р. Сашо Миленковски, Драмски театар - Скопје 2007;
- Сон на летната ноќ од Вилијам Шекспир, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2008;
- Бојан — Женско царство од Шенка Колозова, р. Душко Ѓорѓиоски, Театар Колозов 2011;
- Селанец — Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински, р. Сташа Зуровац, Драмски театар - Скопје 2012;
- Али Баба — Али Баба и 40-те разбојници од Шенка Колозова, р. Владо Дојчиновски, Театар Колозов 2012;
- Цанде — Солунски патрдии од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2013;
- Рибарот — Сказна за рибарот и златната рипка од Шенка Колозова, р. Владо Дојчиновски, Театар Колозов 2014;
- Свето — Буре барут од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, Драмски театар - Скопје 2016;
- Атена со пенис од Александар Русјаков, р. Синиша Евтимов, Драмски театар - Скопје 2017;
- Таткото — Како да се ограби банка од Коле Ангеловски, р. Иван Манасковски, Драмски театар - Скопје 2018.
Наводи
Надворешни врски
|