Илија Џувалековски
Илија Џувалековски (20 декември 1915 во Прилеп - 18 октомври 2004 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, режисер и педагог.[1] ЖивотописПред Втората светска војна студирал Музичка академија во Белград каде што пеел македонски изворни песни за Радио Белград се до 1941 година. Во август 1944 година заминал на Вис каде под раководство на Вјекослав Африќ настапувал во Театарот на Народното ослободување. По кратко време заминал во Москва каде што станал член на уредувачкиот одбор на радио-станицата „Слободна Југославија“. Во 1945 година се вратил во Македонија и се решил за глумечка кариера. Првите успеси ги постигнал во Македонскиот народен театар во Скопје. Тој е еден од најангажираните и нај познати македонски театарски и филмски глумци заедно со: Петре Прличко, Кирил Ќортошев, Тодор Николовски, Ристо Шишков и Илија Милчин. Во 1964 година заминал во Загреб каде настапувал за Хрватскиот народен театар, а од 1967 ја водел катедрата за глума на македонски јазик при Академијата за театар, филм и телевизија. Во Скопје се вратил во 1972 година и продолжил со својата педагошка работа на Факултетот за драмски уметности, а истовремено и со својата глумечка кариера, како на домашната, така и на меѓународната сцена. Театарски улогиЏувалековски има настапувано како:
Филмографија
Награди
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia