Градишки манастир

Градишки манастир
Поглед на манастирските конаци
Информации
Целосно имеГрадишки манастир
Други имињаМанастир „Св. Ѓорѓи“
Манастир на:МПЦ - ОА
ОснованXIX век
Посветен наСвети Ѓорѓи
ЕпархијаКумановско-осоговска
ЦрквиЦрква „Св. Ѓорѓи“
Личности
Место
МестоГрадиште, Општина Куманово Македонија Македонија
Координати42°0′47″N 21°53′30″E / 42.01306°N 21.89167°E / 42.01306; 21.89167
Видливи остатоциедна црква, чешма, конаци, помошни објекти
Отворен за јавностада
Други информации(Клечовска парохија)

Градишки манастирманастир во северниот дел на Македонија, во селото Градиште.

Местоположба

Манастирот се наоѓа во јужниот дел на атарот на селото и до него се стигнува преку асфалтен пат, кој започнува од главниот регионален пат 1204, кој поминува покрај Градиште. Тој бил изграден покрај рушевините на тврдината Градишки В’р.[1]

Градби

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, параклис, чешма, конаци и помошни објекти.

Црква „Св. Ѓорѓи“

Црквата е единствениот храм во манастирот.

Конаци

Една зграда (конак) со приземје и кат.

Историја

Манастирот бил изграден кон крајот на XIX век на остатоци на стар храм. Внатрешноста на манастирската црква имала живопис.[1]

Некогаш, овој манастир бил многу познат и богат со земја, стока и пчеларници. Самиот манастир изгледал величенствено на високата местоположба и сред шума. Селото Кучкарево е основано на манастирските пчеларници.[1]

Меѓутоа, за време на отоманскиот период, стариот манастир бил срушен. Околните христијани и тогаш се собирале кај неговите рушевини. На денот на манастирските слави (Мала Богородица и Цветници), кај манастирот доаѓале бројни гости од Кумановско, Овче Поле и Кратовско.[1]

Галерија

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 162.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya