Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градиште
Свети Ѓорѓи — главна манастирска црква на Градишкиот манастир во кумановското село Градиште, Македонија.[1] Градишкиот манастир се вбројува меѓу културните знаменитости на Македонската преродба.[2] МестоположбаЦрквата е изградена под возвишението Врв на Градиштанска Планина, јужно од селото Градиште. До нејзе води асфалтен пат од селото. ИсторијаПодигната е врз темелите на старохристијански храм во рамките на доцноантичката тврдина Градиште (Градишки В’р). Ферманот за неговата обнова е издаден во 1864 година од султанот Абдул Азис. Изградбата на новиот манастир започнала во 1866 година во времето на кумановскиот управник Мехмед Назиф-паша и е завршена во 1868 година.[2] Со создавањето на Бугарската егзархија во 1871 година и обидите за бугарска пропаганда, храмот успеале да го заземат српските пропагандисти на Цариградската патријаршија и го држеле сè до 1896 година кога бил затворен. Во 1905 година е предаден на бугарската општина, со што завладеало бугарското црковно врховенство.[2] Архитектонски описВо архитектонски поглед црквата претставува триконхален храм со една купола — единствен таков пример во Кумановско.[2][3][4] Изградена е во византиски стил со редење на делкани камења и тули. Фасадите се оживеани со хоризонтални разделни венци. Во октомври 1978 година е реновирана неговата надворешност, а во 2001 година е обновена и внатрешноста, малтерисувајќи ги ѕидовите на трите конхи. Во 2003 година црквата е малтерисана и однадвор.[2] Живопис и икониВо храмот има само еден фрескопис од 2005 година — дело на Среќко Андоновски-Челик. Иконите од стариот иконостас, изработени во темперна техника од непознат автор, се изложени во Галеријата на икони во Куманово.[2] Иконите на сегашниот дрвен иконостас се дело на Димитар Андонов Папрадишки од 1937/38 година.[2][5][6] Иконостасот е висок колку царските икони, на кои фигурите нетипично се претставени во полн раст.[2]
Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia