Деветнаесетта македонска ударна бригада
Деветнаесеттата македонска ударна бригада (позната и како Бригада „Гоце Делчев“) била формирана на 8 октомври[1] 1944 година во село Лаки, Виничко, на планината Плачковица. Била формирана од еден баталјон од борците на Македонската бригада „Гоце Делчев“, делови на Тринаесеттата македонска бригада и новопристигнати борци. Била во составот на Педесеттата македонска дивизија на НОВЈ. Наскоро нараснала на 1.144 борци и старешини, на 13 ноември 1944 година, а потоа на 1.429 борци на 25 ноември 1944 година. Команден составКомандниот состав на бригадата го сочинувале:[1]
Политички комесар бил: Борбени дејстваВо составот на бригадата делувале четири баталјони, еден придружен и еден извидувачки вод.[1] Дејствувала на комуникациите Штип-Радовиш и Штип-Кочани, спречувајќи го повлекувањето на германските сили кои се повлекувале на север. Позначајни борби во рамките на овие операции се воделе кај село Тернаци и с. Кучичино на 30 октомври 1944 година, и кај селото Калаузлија на 4 ноември 1944 година.[1] По ослободувањето на Штип, учествувала во борбите против балистите и во ослободувањето на Тетово на 19 ноември 1944 година. Со декемвриската реорганизација, бригадата била расформирана на 6 декември 1944 година, а главнината влегла во составот на Четиринаесеттата македонска младинска ударна бригада „Димитар Влахов“. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia