Народноослободителна бригада „Гоце Делчев“
Народноослободителна бригада „Гоце Делчев“ била воена единица на НОВ и ПОМ формирана во Софија од Македонци во Бугарската армија и од доброволци од македонската емиграција во Бугарија, главно студенти и ученици која делувала во периодот од септември 1944 до октомври 1944 година. ФормирањеВо текот на формирањето на бригадата во Софија пристигнале командантот на ГШ на НОВ и ПОМ Михајло Апостолски, политичкиот комесар Бане Андреев - Ронката, и делегатот на ЦК КПЈ и ВШ на НОВЈ Светозар Вукмановиќ - Темпо.[1] Се издвоиле две гледишта, според едното бригадата да остане под команда на бугарското воено раководство, и според второт гледиште, бригадата да биде опремена и упатена во Македонија каде нејзините борци ќе бидат распределени во македонските единици од составот на 50 и 51 дивизија. Поради оваа несогласица, споро течело формирањето и испраќањето на боречкиот состав на бригадата во Македонија.[1] Командат на бригадата бил Пецо Трајков, а политички комесар Мире Анастасов. Бригадата броела околу 4.600 борци и веднаш по формирањето баталјон по баталјон била упатувана во Македонија. На 30 септември 1944 година за Македонија заминал првиот баталјон на оваа бригада, а вториот баталјон на 7 октомври 1944 се присоединил кон единиците на НОВ и ПОМ на планината Плачковица. По кратко време била расформирана, а постојните борци биле прерасподелени во 19., 20. и 21. македонска народоноослободителна бригада, кои дејствувале во завршните операции за ослободување на Брегалничкиот и Струмичкиот регион,[2] при што 19. македонска бригада го презела името „Гоце Делчев“. Литература
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia