Добродетелна дружина
Добродетелна дружина исто така познат и по псевдонимот Комитет на старите — русофилска[1][2] општествено-политичка организација во Австроунгарија. Најстарата организација создадена од емигранти од Бугарија. Организацијата се борела за руските интереси во Балканот и Бугарија. Нивната главна цел била ослободување на Бугарија од Отоманското Царство. Во русофилската бугарска историографија, организацијата е претставена како родољубивно здружение, но покрај тоа според мнозинството на историски дела, здружението редовно организирало договори против интересите на револуционерите од Бугарија и нејзиниот народ.[3] Оранизацијата имала различен степен на политичка активност низ годините.[4] Организацијата вложила парични средства за повисоко образование на словенскиот народ. Константин Поменов — истакнат македонски просветител за време на Македонската преродба од Прилеп добил стипендија од здружението. Основачите на организацијата биле Евлоги и Христо Георгиев, богати банкарски браќа од Бугарија.[5] Покрај тоа што биле од Бугарија тие повеќе работеле за интересите на Русија и понекогаш работеле против нивната матична земја.[3] ФормирањеОрганизирано русофилско општество од емигрантите од Бугарија се формирало во 1853 година но официјално било создадено на 9 март 1854 година. Организацијата го носело името „Епитропија“, името имало грчко потекло поради силното влијание на хеленофилството врз раните дејци на преродбата во Бугарија. Нејзината главна цел била да се бори за руските интереси и за ослободување на Бугарија. За време на Кримската војна организацијата организирала доброволци во руската армија. Со дозвола од руската власт тие формирале специјални единици целосно составени од емигранти од Бугарија во Браила, Галац, Плоешт и многу други места. По завршувањето на војната нејзината активност речиси исчезнала. РазвитокВо 1862 година, „Епитропија" е обновена и претворена во Добротворно друштво - добродетелна дружина. Основачи биле Евлоги и Христо Георгиев, Георги Атанасович, И. Бакалоглу и др. Иако била формирана во форма на добротворна организација, таа сепак имала одредени политички цели. Во надворешно-политичките прашања се поддржувала официјалната руска политика. По прашањето за ослободувањето на Бугарија од турското ропство, Дружината првенствено сметала на помош од Русија и поради тоа имала различни погледи од претставниците на бугарската револуционерна емиграција во Романија. Односите помеѓу двете страни биле напнати. Во 1866-1867 година, во согласност со плановите на руската дипломатија за Источното прашање. Дружината се насочила кон зближување со српската влада. Оттука, таа развила посебна програма за подобрувањето на односите меѓу српската дијаспора и емигрантите од Бугарија. Во програмата било предвидено создавање на една голема словенска држава составена од Србија и Бугарија со заедничка влада и собрание, во нивниот предлог владетел на државата требало да биде српскиот кнез Михајло Обреновиќ III. За воведувањето на оваа програма, Дружината презела чекори за создавање на револуционерни услови во Бугарија. Дружината помогнала и во формирањето на Втората бугарска србоманска легија во Белград. По неуспехот за остварување на овој план, Дружината започнала нова политика, односно зближување со Османлиското Царство и во 1869 година таа се залагала за создавање на бугарско-турска двојна држава слично како Австроунгарија, при што турскиот султан би бил прогласен и за царот на Бугарија. Овој предлог бил без основа за реализирање, а Дружината во својата дејност целосно зависила од руската дипломатија, без да преземе некоја суштинска активност. По ослободувањето на Бугарија, Дружината продолжила да постои, но веќе не играла водечка улога во политичкиот живот на емиграција од Бугарија во Романија. Престанува формално да постои по смртта на Евлоги Георгиев во 1897 година.[6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia