Награда Празник на липитеНаградата „Празник на липите“ е традиционална награда што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за најдобра напишана песна или есеј по повод истоимената манифестација во организација на Друштвото, кога се доделува и наградата за творечки опус „Книжевен жезол“. Наградата се доделува на членови на Друштвото, по правило, по претходно распишан тематски конкурс. За доделувањето на наградата одлучува селектор или жири-комисија. Победничките дела се објавуваат во првиот претстоен број на ревијата „Стожер“. Меѓу добитниците на оваа награда се вбројуваат македонските писатели и поети: Стефан Марковски, Зоран Пејковски, Весна Мундишевска-Велјановска, Сузана В. Спасовска, Игор Крајчев, Евгенија Шуплинова, Вања Изова Велева, Ана Стојаноска, Даниела Андоновска-Трајковска, Михајло Свидерски, итн.[1][2][3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia