Со книжевна активност започнува непосредно по ослободувањето, и тоа во „Нова Македонија“, „Пионерски весник“, „Нов ден“ и др. Претежно се занимава со поезија и препеви. Има издадено повеќе збирки поезија. Се занимава и со критика и есеистика. Бил уредник на книжевните списанија: „Иднина“, „Современост“, „Културен живот“, „Млада литература“, „Разгледи“ и други. Пишува и филмски сценарија, а дебитира со документарниот филм „Проштевање“ (1963), како ко-сценарист.
Починал на 22 мај2010 година.[2] Закопан е во црквата „Свети Спас“ во скопското село Кожле на 26 мај2010 г. Со литургијата чиноначалствувал Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. Негова последна желба било токму во ова село да биде погребан и неговата песна „Завет“ да биде прочитана на закопот. И желбата му била исполнета.[3]
Творештво
Во утрините (поезија, 1951)
Тревожни звуци (поезија, 1953)
Спокоен чекор (поезија, 1956)
Божилак (поезија, 1960)
Апотеоза на делникот (поезија, 1964)
Претходниците на Мисирков (студии и огледи, 1968)
Горчливи голтки непремолк (поезија, 1970)
Снеубавен ден (поезија, 1974)
Трактати за сонцељубивите (есеи и записи, 1974)
Веда Словена (1979)
Маѓепсан мегдан (литературни записи, 1979)
Скопјани (поезија, 1981)
Подалеку од занесот, поблизу до болот (студии, 1983)
Со збор кон зборот (студии и критики, 1985)
Поход кон Хеликон (студии, 1987)
Неволици, неверици, несоници (поезија, 1987)
Неодложни љубопитства (студии, записи и критики, 1987)
Недостижна (поезија, 1995)
Осамен патник (поезија на англиски, 1996).
Составувач е на антологиите:
Песната - храброст (1975)
Австриската поезија на XX век (1982) и други.
Како соавтор ги приредил антологиите:
Словенечки поети (1956)
Езерска земја (1967)
Правостоина (современи поети од албанската народност во Југославија, 1968)
Нашиот Гане се вреднува меѓу доминантните личности во балканските, но и дел од европските книжевности и култури, со испрекинат континуитет и задоцнети ренесанси, кои со нивната исклучителна творечка мисија, речиси сами го носат митот на континуитетот, драмата на обновата. Сведоштво за оваа исклучителна мисија, се и овие десет томови, извлечени од големата Ганева библиотека-живот која останува отворена во сите годишни времиња на постоењето. Гане е верниот и достоен потомок на претскажаното Прличево племе, кое требаше еден ден да стаса и на вистинскиот јазик, на мајчиниот јазик, да ја искаже поетиката на идентитетот и вистината за својот народ. Гане, како никој друг ќе го разбере кодот на јазичниот егзил на Прличев, ќе го преточи генијот на својата уметност. —Луан Старова[4]
“
Наводи
↑Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 259 -260.