Економска историја
Економската историја претставува изучување на економијата или економските феномени во минатото. Анализите во економската историја се спроведуваат со употреба на комбинација од историски, статистички методи и теорија на применета економија во историски ситуации и институции. Во темата се вклучени бизнис историја, финансиска историја и делови од областа на општествената историја како историска демографија и историја на трудот. Квантитативната економетриска економска историја е, исто така, поврзан со клиометријата.[1] Развивање во одделно поле на истражувањеСфаќањето на економската теорија како дисретна академска дисциплина, долги години, претставувало спорно прашање. Академците од „London School of Economics“ и „University of Cambridge“ имале бројни расправии околу разделбата на економијата и економската историја во текот на повоениот период. Економистите од „University of Cambridge“ верувале дека економијата вклучува и компоненти од економската историја и дека двете полиња на истражување биле нераздвојно поврзани. Од друга страна, економистите од лондонската економска школа (ЛЕШ) верувале дека економската историја има свои цели, истражувачка агенда и академско место, одделно од популарната економија. Во почетниот период од развојот на темата, економистите од ЛЕШ успеале да ја раздвојат економската историја од економијата. Многу универзитети од ОК развиле независни програми за економската историја вкоренети во моделот на ЛЕШ. Накратко потоа, друштвото за економска историја имало своја инаугурација во 1926 во ЛЕШ и универзитетот во Кембриџ, со тек на времето, воспоставил и свои одделни програми за економска историја. Сепак, последните дваесет години посведочиле за приближувањето на овие две одделни програми во ОК и за обединувањето на дисциплините, без разлика дали при економски или истористи оддел. Само ЛЕШ и универзитетот во Глазгов ги зачувале одделните департмани на економската историја и економијата и биле единствени кои нуделе додипломски и постдипломски студии по економска историја. Најголемиот дел од запишаните економски историчари (од британските средни училишта) се сконцентрирани во ЛЕШ, Глазгов и Оксфорд. Во САД, економската историја била долго означувана како дел од применета економија. Како последица на тоа, во САД нема дипломирани економски историчари кои ги завршиле студиите на некој од универзитетите во соединетите држави. Наместо тоа, економската историја се смета за компонента на стандардната економска програма за докторат во некои универзитети меѓу кои „University of California, Berkeley“, „Harvard University“, „Northwestern University“ и „Yale University“. Во текот на последните неколку декади, кај економските историчари, на чело со Даглас Норт, постои тенденција за оддалечување од квантитативните истражувања кон институционалното, општественото и влијанието на историксата култуара врз еволуцијата на економијата.[2][a 1] Сепак, овој тренд бил критикуван најмногу од Франческо Болдизони како форма на економски империјализам „кој го шири неокласичниот истражувачки модел сè до царството на општествените односи“.[3] Спротивно на тоа, економистите специјализирани во други научни предмети започнале да пишуваат на теми во врска со економската историја.[a 2] Однос помеѓу економијата и економската историја
Економистот Ирвинг Фишер од „Yale University“ во својата книта „Должничка-дефлациона теорија на големата депресија“ од 1933, пишувал и за врската помеѓу економијата и економската историја - „Како единица за истражување можеме да земеме вистински историски настан на голема дерамнотежа, како на пример паниката од 1873; или, пак, како единица за проучување можеме да ја земеме било коа составна тенденција, како на пример дефлација и откривањето на општите закони. Првото е најнапред економска историја; второто е примарно економска наука. И двата вида на истражување се исправни и важни и си помагаат меѓусебно. Паниката од 1873 може да биде разбрана само доколку се обелоденат разните вмешани стремежи-дефлација и друго, а, пак, дефлацијата може да биде разбрана само доколку се обелоденат разните историски манифестации - паниката од 1873 и други.“ Постои и теоретска школа каде се развива мислата на економските историчари која ја разделува економската историја (изучувањето на тоа како економските настани еволвирале во минатото) од историската економија (тестирањето на севкупноста на економската теорија употребувајќи историска доследност). Американскиот економски историчар Чарлс П. Киндлебергер го објаснил овој процес во неговата книга „Историска економија: Уметност или наука?“ од 1990.[5] Со цел да се нагласи оваа диференцијација, едно од професионалните друштва на економски историчари во Европа е наречено „Европско друштво на историска економија“ Новата економска историја, позната и како клиометрија, се однесува на систематската употреба на економскта теорија и/или економетриските техники во изучувањето на економската историја. Терминот клиометрија, за првпат, бил употребен од Џонатан Р. Т. Хјуџис и Стенли Рејтер во 1960 и се однесува на Клио, музата на историјата и херојската поезија во старогрчката митологија. Клиометричарите тврдат дека нивниот пристап е неопходен бидејќи примената на економијата е од големо значење во пишувањето на солидна економска историја, додека, пак, историчарите во основа се противат на овој начин на гледање кон науката предупредувајќи за генерирање анахронизми. Раниме клиометричари бил еден вид на историчари на контрафакти. Сепак, контрафакторизмот повеќе не е нивна карактеристична особина. Некои тврдат дека деновите од 1960-тите и 1970-тите на клиометричарите се поминати и дека сега се занемарени од страна на економичарите и историчарите.[6] Економски историчари кои добиле Нобелова награда
Значајни економски историчари
Поврзано
Надворешни врскиЖурнали
Професионални здруженија
Историски статистики
Скорешни и идни конференции за економска историја
Економско историски услуги
Белешки
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia