Естерјетланд (округ)
Естерјетланд (шведски: Östergötlands län) — округ (län) во југоисточна Шведска. Се граничи со округот Калмар на југоисток, Јеншепинг на југозапад, Вестра Јеталанд на запад, Еребру на северозапад, Седерманланд на североисток и Балтичкото Море на исток. Населението брои 429.852 жители, а административен центар е најголемиот град Линшепинг. Линшепинг и соседниот град Норшепинг заедно образуваат една од најголемите населени области во Шведска. Коридорот Линшепинг-Норшешинг се нарекува „четвртата метрополитенска област“ на Шведска, покрај областите на Стокхолм, Гетеборг и Малме. ПокраинаОкругот ја опфаќа поранешната покраина Естерјетланд во целост. Нивните граници се идентични. УправаГлавна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник. Окружниот совет на Естерјетланд (Landstinget i Östergötland) е задолжен за здравството и јавниот превоз. Општини![]()
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia