Сконе (округ)
Сконе (швед. Skåne län) или Сканија (од лат. Scania) — најјужниот округ (län) во Шведска кој се совпаѓа со историската покраина Сканија. Се граничи со окрузите Халанд, Крунуберг и Блекинге. Административен центар е градот Малме. Регионалната управа е сместена во Кристијанстад.[3] Денешниот округ е формиран во 1997 со спојување на окрузите Кристијанстад и Малмехус. Сконе зафаќа околу 3% од вкупната површина на Шведска. Има 1.200.000 жители, и со тоа претставува 13% од населението во земјата. ПокраиниПо своите граници, округот Сконе е речиси ист со покраината Сканија, со исклучок на незначителен дел од покраината Халанд. УправаАдминистративен центар на округот е градот Малме. На чело на окружниот административен одбор (кој е државна служба) стои управник. Двата поранешни округа во покраината Сканија: Кристијанстад и Малмехус. Овие се формирани во 1719 и споени во 1997, образувајќи го денешниот округ кој има речиси идентични граници со покраината. Окружен советРегионалниот совет на Сконе (Region Skåne) е произлезен од претходен окружен совет во 1999 со спојувањето на советите на поранешните окрузи. Надлежен е за здравството и јавниот превоз. ОпштиниСконе се дели на 33 општини[4] (kommuner), од кои најголеми се општините Малме (280.000), Хелсингборг (124.000), Лунд (103.000) и Кристијанстад (75.000 inhabitants). Секоја општина има своја општинска управа и се дели на месности кои имаат улога во избори и пописи. Населени места по големина![]() Ова се десетте најголеми населени места во округот Сконе:[5]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia