Стокхолм (округ)59°20′N 18°10′E / 59.333°N 18.167°E
Стокхолм (швед. Stockholms län) e округ (län) на балтичкото крајбрежје на Шведска. Се граничи со окрузите Упсала и Седерманланд. Излегува и на езерото Меларен и Балтичкото Море. Административен центар е градот Стокхолм, главен град на државата. Округот го сочинуваат историските покраини Упланд (Руслаген) и Седерманланд (Седертерн). Во округот живее над 1⁄5 од населението во земјата. Округот воедно претставува и статистичка област (riksområden) според номенклатурата на NUTS во рамките на ЕУ. ИсторијаОкругот Стокхолм е формиран во 1714. Градот Стокхолм претставувал посебна административна единица под раководство на „надуправник“ и не бил дел од округот. Административен центар на округот бил самиот град Стокхолм, иако не бил дел од него. На 1 јануари 1968 градот и округот се обединиле и границите претрпеле извесни измени. Општини![]() УправаСè до 1968 во округот не спаѓал градот Стокхолм. Со градот раководела Службата на надуправникот, а во округот влегувале само околните рурални подрачја. Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник. Стокхолм има и окружен совет. Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia