Џастин Рајтер (сноѕборд) Томаш Банк, Ондреј Банк (скијање)[1]
Успеси и титули
Светски првенства
Златен медал во паралелен слалом во Крајшберг 2015 година Златен медал во паралелен велеслалом во Сиера Невада 2017 Сребрен медал во паралелен слалом во Сиера Невада 2017 година
Ледека со Мартина Сабликова (лево) на Стариот градски плоштад во Прага по враќањето од Зимските олимписки игри 2018
Естер Ледецка (родена на 23 март 1995 година) е чешка сноубордерка и алпска скијачка. На Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг, Ледецка освоила златни медали во супервелеслалом (алпско скијање) и во паралелен велеслалом во скијање на даска. Со ова таа стана првиот олимпиец кој освоил два златни медали на иста Зимска Олимпијада со користење на два различни типа опрема (скии и даска). Таа била втората жена која што освоила олимписко злато во две одделни дисциплини, но прва што го освоила на истите Зимски олимписки игри. Таа била првата Чехинка која победила на паралелниот велеслалом во сноуборд во ФИС Светскиот куп во сноуборд .
Почетоци
Естер Ледецка е родена во Прага. Нејзината мајка Зузана се занимавала со уметничко лизгање [2] а татко ѝ Јанек Ледецки, е познат музичар во Чешка и Словачка.[3][4] Таа потекнува од спортско семејство: нејзиниот дедо Јан Клапач е поранешен хокеар на мраз, кој освоил седум медали на Светските првенства и две медали на олимписките игри.[4]
Како дете започнала да се занимава до хокеј на мраз, а на четиригодишна возраст почнала да скија и подоцна го придодала и сноубордингот.[2]
Ледецка прв пат се појавила во Светскиот куп во сезоната 2012-13, и завршила на 13-то место во дисциплината паралелен велеслалом.[3] Во март 2013 година, на 17-годишна возраст, го освоила злато во паралелен слалом на Светското првенство за јуниори.[6]
Во сезоната 2013-14 таа го освоила второто место во ФИС Светскиот куп во сноуборд на првиот паралелен слалом во Бад Гаштајн и третото место во втората трка. Подоцна освоила злато во Рогла во паралелен велеслалом на истото натпреварување, со што станала првата Чехинка која освоила злато.[7] Со ова, таа станала третата Чехинка која победила на трка во сноуборд од Светскиот куп.[8]
Пред Зимските олимписки игри 2014 таа била меѓу чешките спортисти од кои најмногу се очекувало да освои медал на игрите, заедно со Мартина Сабликова, Габриела Соукалова и сноубордерката Ева Самкова.[9] Откако во квалификациите за алпско скијање на Зимските олимписки игри завршила на деветтото место, Чешката скијачка асоцијација се обидела да ја регистрира како натпреварувачка, но ФИС го одбила предлогот, наведувајќи дека само осум Чеси може да се натпреваруваат.[5][10]
Ледецка на Зимските олимписки игри во 2014 година дебитирала на 19 февруари 2014 година во паралелен велеслалом во сноубординг. Завршила како седма во генерален пласман.[11]
Ледецка својата кариера во сноуборд ја развивала напоредно со алпското скијање: на ФИС Светскиот куп во алпско скијање дебитирала во февруари 2016 година. Освојувала поени во Светскиот куп, натпреварувајќи се во спуст и супервелеслалом.[2] Во 2017 година, таа станала првата спортистка која што се натпреварувала на Светски првенства и во скијање и во сноуборд, а притоа освоила злато во паралелен велеслалом и сребро во паралелен слалом на Светското првенство за скијање во слободен стил и сноуборд во Сиера Невада, Шпанија, а завршила меѓу првите 30 скијачи во спуст, супервелеслалом и алпски комбинации на Светското првенство во алпско скијање во Сент Мориц, Швајцарија.[1]
Ледецка дебитирала во алпско скијање на Зимските олимписки игри 2018 година, а била и квалификувана за алпски сноубординг. Таму таа го освоила златниот медал во супервелеслалом, и била видно шокирана откако стигнала на целта за 0,01 секунда побрзо од бранителката на златниот медал од Олимпијадата во 2014 година, Ана Вејт. Ледецка пред Олимпијадата била рангирана на 49-тото место во таа дисциплина и никогаш не освоила медал на ниеден меѓународен скијачки настан на ниво од Светски куп.[12] Се шпекулирало дека наводно се тркала со скии позајмени од Микаела Шифрин (и двете скијачки се спонзорирани од Атомик). Таа одбила да ги отстрани очилата за време на прес-конференцијата по нејзината победа, и рекла дека тоа е нејзиниот заштитен знак, а кога новинарите ја притиснале, рекла дека не се нашминкала зошто не се надевала дека ќе победи.[13] По победата во паралелен велеслалом, таа станала првата спортистка која освоила златен олимписки медал во две различни дисциплини за време на исти Зимски олимписки игри [14] (Анфиса Резцова претходно освоила злато во различни дисциплини, но не и на иста Олимпијада: крос кантри скијање во 1988 година и биатлон во 1992 и 1994 година).[15] Ледецка била избрана за знаменосец на Чешка на церемонијата на затворање.[16]
Во Светскиот куп во алпско скијање 2018–19, Ледецка заврши на 24-то место во поредокот за спуст и на 28-то место во супервелеслалом. Во декември 2019 година, Ледецка ја забележа својата прва победа на Светскиот куп во алпско скијање во спуст во Лејк Луиз.[17] Во декември 2020 година, за прв пат победила на трка од Светскиот куп во супервелеслалом.[18]