Санкт Мориц
Санкт Мориц или Сент Мориц (германски: Sankt Moritz, реторомански: ⓘ, италијански: San Maurizio, француски: Saint-Moritz) е алпски туристички центар во Енгадин во Швајцарија, на надморска височина од околу 1800 метри. Се наоѓа во швајцарскиот кантон Граубинден. Сент Мориц лежи на јужните падини од Албулските Алпи со поглед на пространата глацијарната долина на Горен Енгадин и истоименото езеро: Сент Мориц. Тој беше домаќин на Зимските олимписки игри во 1928 и 1948 година. ИсторијаСент Мориц за првпат се споменува околу 1137–39 година како ад санктум Маурициум (латински: ad sanctum Mauricium).[3] Селото името го добило името по Свети Маврициј, ранохристијански светец од јужен Египет кој бил мачен во 3 век во Римска Швајцарија додека служел како водач на Тебанската легија. СпортСент Мориц било зимско одморалиште уште во 19 век. Студентите од Оксфорд и Кембриџ оделе таму и се натпреварувале меѓу себе. Сент Мориц беше град-домаќин на Зимските олимписки игри во 1928 и 1948 година, и е еден од трите градови кои двапати биле домаќини, заедно со Инсбрук, Австрија и Лејк Плесид во САД. Санкт Мориц бил домаќин на Светското првенство во алпско скијање ФИС во 1934, 1974, 2003 и 2017 година. Освен тоа, Сент Мориц бил домаќин на Светското првенство во боб и скелетон санкање рекордни 21 пат. Од 1985 година, тој е домаќин на Сноу Поло Сент Мориц, турнир на кој учествуваат многу од најдобрите тимови на светот и се игра на посебно обележан терен на замрзнатото езеро. [4] Сент Мориц е исклучително популарен во летните месеци како место за висински подготовки за спортски тркачи, најчесто велосипедисти, тркачи на долги патеки и тркачи во брзо одење. Популарен е поради надморската висина, временските услови, атлетската патека од светска класа и многуте други патеки и патчиња во околината. ![]() Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia