ЖС „Кочани“
Железничка станица „Кочани“ — железничка станица во источниот дел на Македонија на пругата од Велес кон Кочани, каде што претставува и последна железничка станица на оваа пруга и воедно најисточна железничка станица во Македонија. Се наоѓа во источниот дел на средишното градско подрачје на Кочани. ИсторијаНејзината изградба започнала во 1925 година.[2] Во април 1926 година, градежните активности биле при крај.[3] На 25 август истата година,[4] станицата била пуштена во употреба, при што бил присутен и југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ.[5] Согласно октомври 2020 година, еден воз дневно минувал на линијата Скопје-Кочани.[6] Од почетокот на мај 2021 година, железничката линија на релација Кочани-Скопје Кочани престанала да се одвива, согласно изворот, до април 2022 година.[7] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia