ЖС „Криволак“

ЖС „Криволак“
Поглед на железничката станица (сликана од воз)
Општи информации
МестоКриволак
Општина Неготино
Македонија Македонија
СопственикМакедонски железници
ЛинииВелесГевгелија
Перони3

Железничката станица „Криволак“железничка станица на железничкиот коридор 10 во селото Криволак, во јужниот дел на Македонија. Железничката станица се наоѓа на железничката линија СкопјеГевгелија и на неа поминуваат регионалните домашни возови од Скопје кон Гевгелија, како и меѓународните возови БелградСолун и Скопје — Солун.

Станицата поседува три колосеци.

Местоположба

Железничката станица се наоѓа на влезот на селото Криволак, во непосредна близина на реката Вардар, односно во самото нејзино течение, како што поминува и самата железничка линија.

Станицата се наоѓа на оддалечност од 99 километри од главниот град Скопје.

Историја

Во последната деценија на XIX век, грозјето од Тиквешијата започнало да се извезува во Србија, главно преку железничката станица сместена во Криволак.[1]

Галерија

Наводи

  1. Поп Антов, Христо (8 јуни 2011). „Тиквешијата во минатото“. Посетено на 7 мај 2015.

Надворешни врски

41°31′37″N 22°07′14″E / 41.52694°N 22.12056°E / 41.52694; 22.12056

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya