ЖС „Кукуричани“
Железничка станица „Кукуричани“ — железничка станица во ,месноста на некогашното село Кукуричани, Општина Неготино, на железничкиот коридор 10 во јужниот дел на земјата. ЖС Кукуричани е железничка станица и железничка крстосница на меѓународната железничка пруга Скопје - Гевгелија - Солун. Со изградбата на железничката пруга Скопје - Солун во 1873 година, во месноста Кукуричани е изградена железничка станица. Железничката станица Кукуричани, која се наоѓа веднаш на десниот брег на реката Вардар, помеѓу железничките станици Градско и Криволак, односно помеѓу железничките стојалишта Стоби и Црвени Брегови е во функција сè до денес и е најчесто одредиште на риболовците од цела Македонија. Од главната станица Скопје е оддалечена 89,1 километри. Галерија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia