ЖС „Градско“
Железничка станица „Градско“ — железничка станица на железничкиот коридор 10 во селото Градско, во југоисточниот дел на Македонија. Железничката станица била изградена во 1871 година и претставувала една од најголемите и најубавите архитектонски градби на железнички станици во Македонија. Претставува трета железничка станица од Велес, од кој е оддалечена 27,4 километри, додека од главната железничка станица во Скопје е оддалечена 78,3 километри. Низ станицата редовно поминуваат домашните возови на линијата Скопје - Гевгелија, како и меѓународните возови на линиите Скопје - Солун и Белград - Солун. ИсторијаЗа точната година на нејзината изградба има две теории. Според првата, нејзината изградба била започната во 1871 година, пред пуштањето на пругата во употреба (1873 година). Веројатноста за точноста на овој податок е мала, бидејќи во периодот меѓу двете светски војни, бил остварен планот на Кралството СХС за осовременување на железничкиот сообраќај во Македонија кога многу станици биле срушени и на нивно место биле подигнати нови градби. Втората теорија е во контекст на претходно споменатото и вели дека станицата во Градско, била подигната меѓу 1921-25 година. Како поткрепа на точноста на овој податок, има разгледница, заверена со архивски печат и појаснување дека истата била фотографирана 1923 година во периодот на изградбата на станицата.[1] На 26 февруари 1916 година, во време на Првата светска војна, започнала изградбата на теснолиниската пруга од железничката станица „Градско“ до селото Дреново во должина од 20,1 километар за потребите на Македонскиот фронт. Подоцна оваа теснолиниска железничка линија била продолжена до Прилеп и до Битола. Станицата била минирана на крајот на Втората светска војна, од страна на окупаторските сили.[1] Во текот на 2015 година била најавена обнова на железничката станица во Градско, како дел од поголемиот проект за обнова на железничките станици долж коридорите 10 и 10д.[2] АрхитектураПоседувала подземни премини кои воделе директно до самите перони, кои функционирале сè до минатиот век, за сега да бидат покриени со лимени плочи.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia