Железничка станица „Чашка“ — железничка станица во Македонија, која се наоѓа во близина на селото Чашка. Станицата се наоѓа на трасата на кракот D од паневропскиот коридор 10.
Зградата на железничката станица е изградена од цврст материјал на еден кат. Железничката станица се наоѓа надвор од селото, издигната на рид, покрај патот кој води до самото село. Низ железничката станица поминуваат регионалните домашни возови на линијата Скопје — Битола.
Во железничката станица повеќе не работи самата билетарница и дел од самата градба се користи како станбен простор, но сепак во станицата работи отправник на возови, кој ги управува возовите што поминуваат низ самата станица.
Железничката станица „Чашка“ е оддалечена 65,2 километри од главната железничка станица во Скопје.
Обнова
Во текот на 2015 година била најавена обнова на железничката станица во Чашка, како дел од поголемиот проект за обнова на железничките станици долж коридорите 10 и 10д.[2]